АСО: Неоправдано и без основа зголемувањето на цените на осигурувањето од задолжителна автомобилска одговорност

May 2, 2024
1 min read

Целосно е неоправдан и без основа потегот со кој осигурителните компании ги зголемија цените на осигурувањето од задолжителна автомобилска одговорност, соопшти Агенцијата за супервизија на осигурување.

Според АСО, која е регулатор на пазарот на осигурување, зголемувањето на цената на осигурувањето не е во функција на јакнење на заштитата на осигурениците.

-Напротив, ова зголемување на цените е само и исклучиво во функција на покривање на трошоците за оперативно работење на компаниите за осигурување, информира Агенцијата.

Во дописот до медумите, АСО наведува дека „ја охрабрува Владата, согласно своите законски надлежности, да ги заштити правата на осигурениците и преку измени во Тарифникот да ги намали цените на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност“.

До надлежната комисија при Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурување доставила  анализа во која се содржани клучните аргументи против зголемување на цената на осигурувањето од задолжителна автомобилска одговорност.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВЛЕН против Европски фронт за митингот во Тетово – Објавени се документи кој прв побарал дозвола

Следно

ВМРО-ДПМНЕ пријавиле најмногу донации за изборната кампања

Latest from Blog

Се урна воен авион со 32 патника во Нигерија- пронајдени се делови на тела (ВИДЕО)

Воен авион со 25 патници и седум членови на екипажот се урна во јужна Нигерија, што предизвика масовна операција за пребарување и спасување, соопштија властите, според Independent.co.uk. Министерот за воздухопловство на Нигерија,

Младинците со пораз ги завршија квалификациите за Европското првенство

Младата репрезентација на Македонија загуби со 2:0 од Шведска во последното, 10. коло од квалификациите за Европското првенство за фудбалери до 21 година. Шведска поведе во 15. минута преку Свенсон на мечот

Тоневски: Благодарност до учителите за секој час, совет и охрабрување

По повод 5 Октомври – Меѓународниот ден на учителот, градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, упати благодарност до сите просветни работници за нивната посветеност во образованието и воспитувањето на децата. Тоневски посочи

Гаши со поранешните собраниски претседатели: Формиран Совет за институционална меморија

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на денешната трета средба со поранешните собраниски претседатели ја потпиша одлуката за формирање Совет на поранешни претседатели на Собранието. На средбата присуствуваа поранешните претседатели Тито Петковски, Никола
Go toTop