Фидан: Туркије ќе бара да биде дел од случајот против Израел пред МСП за геноцид

May 1, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Туркије ќе бара да биде дел од случајот на Јужноафриканската Република пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), во кој Израел се обвинува за геноцид во Појасот Газа, изјави денес турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, јавува Анадолу.

„Туркије одлучи да побара да се приклучи во случајот покренат од Јужноафриканската Република против Израел пред Меѓународниот суд на правдата (МСП) за геноцид“, рече Фидан на заедничката прес-конференција со неговата индонезиска колешка Ретно Марсуди.

За време на состанокот во главниот град Анкара, двајцата претставници разговараа за Палестина и ситуацијата во Газа, меѓу останатите теми.

„Со овој чекор, се надеваме дека процесот пред МСП ќе напредува во вистинската насока“, додаде Фидан.

Наведувајќи дека напорите на Туркије за апликацијата траат „многу долго време“, Фидан рече дека Анкара наскоро ќе ја заврши својата правна работа за случајот.

„Во меѓувреме, ќе продолжиме да работиме со сите пријателски и сојузнички земји што може повеќе да се направи за ова прашање и кои други земји можат понатаму да аплицираат“, додаде тој.

Фидан рече дека Анкара ќе продолжи да стои покрај палестинскиот народ „под сите околности“.

Кон крајот на минатата година, Јужноафриканската Република покрена случај пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), обвинувајќи го Израел за геноцид во Појасот Газа.

Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за хуманитарната помош да стигне до цивилите во Газа.

Израел спроведува немилосрдна офанзива врз палестинската енклава по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври минатата година, во кој загинаа околу 1.200 луѓе.

Во израелските напади во Газа оттогаш загинаа над 34.500 Палестинци, претежно жени и деца, а илјадници се повредени.

Повеќе од шест месеци од почетокот на израелската војна, огромни делови од Газа се во урнатини, 85% од населението е внатрешно раселено, кое е соочено и со целосна блокада на храна, чиста вода и лекови, според Обединетите нации (ОН).



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Блинкен се сретна со Нетанјаху, го повтори американското противење на израелската офанзива во Рафа

Следно

24 отворено: Полошкиот регион се празни

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop