Харви Вајнштајн примен во болница

April 28, 2024
1 min read

Филмскиот продуцент и осуден сексуален престапник Харви Вајнштајн е хоспитализиран.

Неговиот адвокат Артур Аидала потврди дека Вајнстин е во болница во Менхетен на тестови.

-Изгледа дека му е потребна голема помош, физичка. Има многу проблеми. Оди на разни тестови, рекол адвокатот и додал дека Харви е во лоша здравствена состојба.

Пред неколку дена, судот во Њујорк ја поништи пресудата за силување на Харви Вајнстин од 2020 година и нареди ново судење за случајот.

Во пресудата се наведува дека му било судено врз основа на неговото однесување во минатото, а не само врз основа на делата за кои бил обвинет. Судот одлучи дека судењето „погрешно го призна сведочењето за наводни претходни сексуални дејствија против лица кои не биле тужители во овој случај“.

Вајнстин (72) отслужува 23-годишна затворска казна во њујоршки затвор, откако беше осуден за сексуален напад за насилен орален секс со асистент на ТВ и филмска продукција во 2006 година и за напад на актерка во 2013 година.

Тој ќе остане во затвор бидејќи во 2022 година во Лос Анџелес беше обвинет за уште едно силување и осуден на 16 години затвор.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Манчестер јунајтед подготвен да потроши 80 милиони евра за Араухо

Следно

Силјановска очекува поголема победа на 8 мај, Пендаровски вели работивме во интерес на граѓаните

Latest from Blog

Комерцијална банка, Алкалоид и Македонијатурист најтргувани на денот

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 22 декември 2025 година, индексот МБИ10 порасна за 0,23%, достигнувајќи ниво од 10.114,76 поени,

Храна која го олеснува живеењето ВО УСЛОВИ НА ЗАГАДЕН ВОЗДУХ

Во текот на зимските месеци, жителите на урбаните средини многу често се изложени на зголемени концентрации на загадувачки материи во воздухот, што неповолно влијае првенствено врз респираторните и кардиоваскуларните функции. Покрај стандардните

Николоски објави видео: Буквално пробиваме планини, најтешкиот дел од автопатот Охрид-Кичево го решаваме со 14 галерии

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски објави видео од работите на автопатот Кичево-Охрид. -НАЈТЕШКИОТ ДЕЛ од автопатот Охрид-Кичево го решаваме со изградба на 14 ГАЛЕРИИ кои прв пат се изведуваат во

Проданоски: Турскиот јазик е важен дел од културниот мозаик во Прилеп

По повод Денот на наставата на турски јазик, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати искрени честитки до сите наставници, ученици и образовни работници кои ја негуваат и унапредуваат наставата на мајчин

Николоски: Со сложени зафати го решаваме најтешкиот дел од автопатот Охрид–Кичево

Со примена на сложени инженерски решенија кои за првпат се користат во регионот, ќе се доизгради автопатот Охрид–Кичево, најави Александар Николоски. Тој истакна дека се решаваат вкупно 16 косини, од кои на
Go toTop