Ердоган: Туркије подготвена да придонесе во процесот на дијалог меѓу Косово и Србија

February 4, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Туркије е подготвена да пружи поддршка во процесот на дијалог меѓу Косово и Србија доколку тоа биде побарано, јавува Анадолу.

„Туркије е подготвена да пружи секаков вид поддршка за мирот и стабилноста на нашиот регион и да го пружи неопходниот придонес ако тоа страните го побараат“, рече Ердоган на прес-конференцијата со косовскиот премиер Албин Курти во Истанбул.

Тој истакна дека Туркије се надева дека процесот на дијалог меѓу Косово и Србија ќе биде завршен на начин што ќе обезбеди траен мир и стабилност во регионот.

Истакна дека Туркије продолжува да прави напори за Косово да ја достигне позицијата што ја заслужува на меѓународната сцена.

„Во оваа смисла, ја поддржуваме визијата на Косово да се приклучи на НАТО, Советот на Европа и Европската Унија“, рече турскиот претседател.

Освен за политичките односи, Ердоган истакна дека разговарал со косовскиот премиер за тоа што можат Туркије и Косово да направат на полето на економијата, трговијата, енергетиката, одбранбената индустрија и борбата против тероризмот.

Осврнувајќи се на организацијата која стои зад обидот за пуч во Туркије во 2016 година, Ердоган рече:

„Го замолив својот драг пријател да вложи дополнителни напори против активностите на терористичката организација ФЕТО на Косово.“

Во однос на економските односи, Ердоган рече дека со договорот за слободна трговија што стапи во сила во 2019 година, двете земји постигнале позитивен моментум во обемот на билатералната трговија.

„Како земја со најголем извоз во Косово, оваа бројка мора да ја зголемиме на една милијарда евра“, додаде Ердоган.

Косовскиот премиер Албин Курти по средбата со Ердоган изјави дека Приштина секогаш ќе биде благодарна на Туркије за нејзината улога во интервенцијата на НАТО во Косово во 1999 година.

„Оваа интервенција го запре геноцидот врз народот на Косово и беше важна за оснивање на земјата и одржување на мирот“, рече Курти.

Косовскиот премиер му се заблагодари на Ердоган за поддршката на Туркије за процесите за членство на Косово во Европската Унија и НАТО.

Осврнувајќи се на економските односи, Курти рече дека Туркије е еден од поважните економски и трговски партнери на Косово.

„Секако, тоа нé радува, но тоа не треба да биде доволно. Можеме да ја искористиме нашата досегашна соработка за постигнување поголеми потенцијали“, порача косовскиот премиер.

Туркије го призна Косово на 18 февруари 2008 година, ден по прогласувањето на независноста.

Балканот е приоритет за Туркије, не само од политички, економски и географски причини, туку и поради нејзините историски, културни и човечки врски со регионот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

(ВИДЕО) Пендаровски, Ковачевски и министрите си заминаа од црквата „Св. Спас“, се очекува Мицкоски, а потоа и бугарската делегација

Следно

ЕУ-амбасадорите се договорија за ограничувањето на цената на руските нафтени деривати

Latest from Blog

Милионер кој троши богатство за да живее вечно, со предупредување: Избегнувајте го попладневното кафе (ВИДЕО)

Џонсон, чии методи за продолжување на животот досега вклучуваа бизарни практики како што се трансфузија на крв од сопствениот син, овој пат се осврна на научна студија која открива кога е идеално

Турција издаде налог за апсење на Нетанјаху поради геноцидот во Газа

Турското судство денес издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неколку израелски функционери, наводно за злосторства против човештвото и геноцид. Според Канцеларијата на главниот обвинител во Истанбул, налозите за

Избрани нови членови на Македонската академија на науките и уметностите

На 21-то Изборно собрание на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), што се одржа денеска се избрани двајца редовни членови, осум дописни членови, четири членови надвор од работниот состав и двајца
Go toTop