ЕУ-амбасадорите се договорија за ограничувањето на цената на руските нафтени деривати

February 4, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Амбасадорите на Европската Унија (ЕУ) се договорија за ограничувањето на цената на руските нафтени деривати, соопшти шведското претседателство со Советот на ЕУ, пренесува Анадолу.

„Амбасадорите на ЕУ ги одобрија ограничувањата на цените на нафтените деривати пред конечното нивно усвојување од Советот на ЕУ“, напишаа на Твитер. „Важен договор како дел од континуираниот одговор на ЕУ и партнерите на руската агресија против Украина.“

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на Твитер напиша: „Со Г7 ставаме ограничувања на цените на овие производи, ги намалуваме приходите на Русија и обезбедуваме стабилни глобални енергетски пазари“, нагласувајќи дека ЕУ мора да продолжи да ја лишува Русија од средствата за финансирање на војната против Украина.

Фон дер Лајен истакна дека забраната за увоз на руски нафтени деривати стапува на сила утре [недела].

Минатата недела, Комисијата предложи од 5 февруари ЕУ да го примени ограничувањето на цената од 100 долари за барел за премиум руските нафтени производи, како што е дизелот, и ограничување од 45 долари за барел за производи со намалени цени, како што е мазутот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ердоган: Туркије подготвена да придонесе во процесот на дијалог меѓу Косово и Србија

Следно

Претрес во Скопје: Полицијата приведе дилер на дрога

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop