Нема договор меѓу Белград и Приштина за користење на динарот, нова рунда преговори на 13 мај

April 25, 2024
1 min read

По речиси шест часа разговори, и денеска нема договор меѓу делегациите на Белград и Приштина за користење на динарите на Косово, јави Н1. Денеска се разговарало за идеите на ЕУ за решавање на проблемите предизвикани од укинувањето на динарот на Косово.

Директорот на српската Канцеларија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, тврди дека тие ги дале своите коментари за предлогот на ЕУ и дека тие коментари биле оценети како конструктивни, додека приштинскиот преговарач зборувал дека не го интересираат Србите кои сакаат да си заминат од Косово.

Бесник Бислими вели дека средбата била загрижувачка, бидејќи се испоставило дека Србија сака да ги финансира сите нелегални институции на Косово до формирањето на ЗСО.

Петковиќ рече дека следната рунда од дијалогот ќе се одржи на 13 мај.

„Разговорите беа тешки и напнати, но беа директни, што е добро. И јас и експертите имавме можност да ги претставиме нашите предлози за идеите на ЕУ и за решавање на проблемот со динарот, бидејќи Курти со таа одлука го загрози опстанокот на српскиот народ. Ова мора под итно да се реши“, рече Петковиќ.

Тој изрази надеж дека ќе има напредок на 13 мај, но рече дека тоа не зависи од Белград.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

За овие 5 хороскопски знаци мај ќе биде најубав месец

Следно

Крмов за ТВ 24: Ние одиме сами против сите и ќе растеме, додека не се создадат услови и критичка маса за конечно да победиме

Latest from Blog

(ВИДЕО) Општинскиот штаб на Прилеп ги активира мерките за превенција од пожари: Од 1 јули забрани и засилени контроли

Општинскиот штаб за заштита и спасување во Прилеп започна со интензивни подготовки за претстојната сезона на пожари, со цел навремена превенција и ефикасно справување со евентуални пожари на отворен простор. Од Општината

Зеленски: ЈА ВРАЌАМЕ ВОЈНАТА ВО РУСИЈА

Во своето вечерно обраќање, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги осуди руските напади врз Запорожје и Днепар, нарекувајќи ги „многу цинични“. Тој изјави дека руските сили во Запорожје со беспилотни летала нападнале цивилни
Go toTop