Продолжува притисокот на Западот кон косовскиот премиер Албин Курти

April 25, 2024
1 min read

Продолжува притисокот врз Албин Курти да дозволи формирање на Заедницата на Српски Општини.П омошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија Џејмс О’Брајан уште еднаш го потсети косовскиот премиер дека спроведувањето на обврските од дијалогот меѓу Белград и Приштина е клучен доколкуи земјата сака да напредува.

„За да продолжиме напред, ни треба имплементација на обврските од дијалогот поддржан од ЕУ, вклучително и итен напредок за Заедницата на општините со мнозинско српско население.“ – изјави Џејмс О’Брајан – Помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија.

И францускиот претседател Емануел Макрон, му порачал на Курти дека договорите мора да се спроведат но и дека членството на приштина во советот на Европа, е поврзано со формирањето на заедницата на српските општини. Од Елисејската палата побараа целосно спроведување на договорите од Брисел и Охрид и порачаа дека дека се разочарани од неуспехот во гласањето за отповикување на градоначалниците на северот на Косово.

Во меѓувреме во Брисел, нова средба на преговарачкиот тим на Белград и Приштина под поктовителство на специјалниот пратеник на Унијата за дијалогот меѓу двете страни, Мирослав Лајчак.

Повторно главна тема е одлуката на Централна банка на Косово да ја забрани употребата динари во земјата, како и формирањето на Заедницата на Српски Општини. Ова ќе биде шеста средба од дијалогот. Претходниот состанок на ниво на главни преговарачи се одржа на 18 април.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Курти: Целта на Косово е членство во меѓународните организации, ЕУ и НАТО

Следно

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден

Latest from Blog

(ВИДЕО) Општинскиот штаб на Прилеп ги активира мерките за превенција од пожари: Од 1 јули забрани и засилени контроли

Општинскиот штаб за заштита и спасување во Прилеп започна со интензивни подготовки за претстојната сезона на пожари, со цел навремена превенција и ефикасно справување со евентуални пожари на отворен простор. Од Општината

Зеленски: ЈА ВРАЌАМЕ ВОЈНАТА ВО РУСИЈА

Во своето вечерно обраќање, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги осуди руските напади врз Запорожје и Днепар, нарекувајќи ги „многу цинични“. Тој изјави дека руските сили во Запорожје со беспилотни летала нападнале цивилни

ПОДЕМ: Усвојувањето на Законот за игрите на среќа и забавните игри е важна реформа во интерес на граѓаните

Партијата на обединети демократи на Македонија (ПОДЕМ) го поздравува донесувањето на новиот Закон за игрите на среќа и забавните игри, со кој по повеќе од една деценија конечно се воспоставува современа и
Go toTop