Вучиќ ги повика членките на ОН да не гласаат за резолуцијата за Сребреница

April 22, 2024
1 min read

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на приемот на постојаните претставници на Обединетите нации во Њујорк повика на отфрлање на предложената резолуција за геноцид во Сребреница. Тој ги повика членките на ОН да гласаат против резолуцијата, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ изјави дека Србија е отворена за дијалог и преговори и дека за шест месеци колку што траеле подготовките за усвојување на резолуцијата никој за тоа не ја известил Србија, ниту дел од Босна и Херцеговина и дека се е направено во тајност, а неопходно е тој процес да биде инклузивен.

Тој додаде дека во Босна и Херцеговина немало дискусија ниту договор за текстот на резолуцијата и дека оваа одлука ги поделила народите на таа земја, со противење на легитимните претставници на Србите и игнорирање на институциите, законите и Уставот на Босна и Херцеговина.

Вучиќ им порача на странските дипломати дека усвојувањето на резолуцијата за Сребреница ќе доведе до нови тензии на Западен Балкан.

– Не само што оваа резолуција нема да донесе мир и да ги залечи раните од минатото, туку ќе го продлабочи јазот меѓу народите и ќе доведе до нови тензии на Западен Балкан. Затоа бараме оваа резолуција да се повлече, а доколку не се повлече, ги повикуваме членките да гласаат против, рече Вучиќ на приемот организиран од Постојаната мисија на Србија во Обединетите нации за постојаните претставници на државите членки на ОН.

Кога станува збор за дијалогот со Косово, Вучиќ на приемот рече дека верува оти процесот ќе продолжи и оти ЕУ „ќе успее да наметне нешто што ни го гарантирале 11 години“, а тоа е формирање на ЗСО.

Тој додаде дека се надева оти тоа ќе остане предуслов за членство на Приштина во Советот на Европа.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Наташа Беквалац ја менува професијата, еве каков курс запиша пејачката

Следно

Учесниците на самитот во Словенија го поддржаа проширувањето на Европската унија

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска за МИА: Буџетот останува насочен кон економски раст и поддршка

Нашиот фокус останува заштитата на животниот стандард на граѓаните и ребалансот нема да оди надвор од овие рамки, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во интервју за МИА во контекст на почнатите

Почнува јубилејниот Виноскоп 15: Градски парк ќе пулсира во ритамот на виното и музиката

Денес на Школка во Градски парк започнува јубилејното 15-то издание на Виноскоп-фестивал кој низ годините прерасна во препознатлив градски симбол на добро вино, квалитетна музика и урбано дружење под отворено небо. Од
Go toTop