Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

April 21, 2024
1 min read

Во Косово е приведен државјанин на Република Македонија, по кого Интерпол, на барање на македонската полиција, распишал меѓународна потерница, затоа што како осуден за тешко убиство не се вратил на издржување на казната откако бил пуштен на викенд, јави дописникот на МИА од Приштина.

Основниот суд во Урошевац денеска соопшти дека го одобрил барањето на Основното обвинителство од истиот град за определување мерка притвор против лицето идентификувано со иницијали Н.Е., побарано од властите на Република Македонија, врз основа на меѓународна потерница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешко убиство, кое кривично дело е предвидено и со Кривичниот законик на Република Косово.

Според соопштението, по одржување на распит и анализа на списите на случајот, судијата во претходна постапка на Одделот за тешки кривични дела, оценил дека постои основано сомнение дека е распишана меѓународна потерница по истото лице од Интерпол, со барање од 7 март 2022 година на Република Северна Македонија, поради кривично дело тешко убиство, кое кривично дело е предвидено и со Кривичниот законик на Република Косово.

– Во врска со ова, обвинетиот Н.Е., е осуден на затворска казна од страна на Судот во Скопје, каде што ја издржува казната веќе неколку години, така што уште без да ја издржи казната во целост, во моментот кога бил пуштен на слобода за на посета, избегал од Република Македонија. Судијата во претходна постапка го одобри барањето на државниот обвинител за определување мерка притвор против обвинетиот согласно член 22 став 1 од Законот за меѓународна правна соработка во кривична материја (Закон бр.04/Л -213) и на истиот му е одредена мерка притвор во траење од четириесет дена. Во овој случај се известуваат странките дека жалбата против ова решение не го одложува неговото извршување, се наведува во соопштението.

Засега нема информации за тоа кога, каде и во кои околности е уапсен во Косово македонскиот државјанин.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Се помалку студенти на Факултетот за туризам во Охрид

Следно

Најмалку 15 повредени во тематскиот парк Универзал Студиос во Лос Анџелес

Latest from Blog

Манчестер Јунајтед купува стопер во Германија

Англиските медиуми попладнево јавуваат дека менаџментот на Манчестер Јунајтед, ги контактирал претставниците на играчот на Баер Леверкузен, Едмонд Тапсоба, за да евентуално го донесат како следно засилување во одбраната. Тапсоба стопер кој

Проданоски: Сè што имаме ставаме на располагање за справување со пожарот

Вечерва беше одржан координативен состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во Прилеп, на кој беше разгледана актуелната состојба со пожарот во селото Чаниште и поширокиот Мариовски регион, како и ризиците

Македонија остана на 235 патронажни сестри: во Тетово една покрива над 33.000 жители

Додека здравствениот систем постојано зборува за превенција и рано откривање на болестите, патронажната служба која треба да стигне до граѓаните пред тие да станат пациенти работи со сè помалку луѓе и со

Над 30 милиони денари промет на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 18.08.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.171,25 поени. Во однос
Go toTop