Се помалку студенти на Факултетот за туризам во Охрид

1 min read

Охрид иако имa Факултет за туризам и средно угостителско училиште, каде се образуваат студенти и ученици за потребите на туристичкиот сектор, се покажа дека тие кадри не се доволни за да ги задоволат потребите на локалните угостители. Последните години интересот за запишување во ова средно училиште е се помал. Најголемата причина се ниските плати.

„Последните години се запишуваат по 80 ученици во една учебна година. Тоа не е бројка која е доволна за потребите на угостителско-туриостичкиот сектор. Се трудиме таа бројка да се зголеми.Мал недостаток е што од Охрид и охридскиот регион, мал број ученици се запишуваат во угостителско-туристичката струка.И тука има поле каде може да се зголеми бројот на ученици, секако со взаемна соработка со угостителите и рестораните, туристичките агенции“, рече Марјан Радески- директор на средно угостителско училиште во Охрид.

Радески вели дека се обидиваат со стипендии да привлечат повеќе ученици .

„Последните години сме сведоци дека имаме голем одлив на работна сила, дека и самите ученици кои завршуваат тука средно образование, заминуваат во другите држави, најчесто во балканскиот регион, најмногу Хрватска. Од тоа може да заклучиме дека одат за подобри плати и услови во угостителството“, додаде тој.

А во Струга и Охрид нема угостителски објект, на кој не му недостигаат работници на сите позиции.

„Ние имаме огласи отворени и никој не се јавува.Не само ние, туку нема хотел што денес не бара готвач, келнер,собарица, чистачка.Мора тоа од некаде да се пополни“, рече Крсте Блажески-претседател на ХОТАМ.
Се очекува ова лето покрај Охридското езеро да работат повеќе од 1000 Непалци, Филипинци и Индијци. Дел од нив веќе почнаа со работа./Алсат.мк

Мики Трајковски

Извор: alsat.mk

Претходно

Фоден го именува својот идеален тим во историјата на Премиер лигата

Следно

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Latest from Blog