АТЕЛЈЕТО НА ТАТКО МИ БЕШЕ НАЈИНТЕРЕСНО МЕСТО ЗА ИГРАЊЕ, ВЕЛИ ЛАРА ТАШКОВСКА КОЈА ВО МАНУ ИЗЛОЖУВА СО ТАТКО Ѝ ВАСКО И ДЕДО Ѝ РИСТО РИСТОВСКИ

April 21, 2024
3 mins read

Израснав со надреалистични слики околу себе, вели уметницата Лара Ташковска за изложбата „Корени: Три генерации Ташковски“. Шеесетина дела од три генерации сликари – Ристо Ристовски, академик Васко Ташковски и Лара Ташковска – се поставени во Галеријата на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). Изложени се по дваесет дела од Ристовски (темпера на хартија), акрил на платно од Ташковски и платно со акрил и маслена техника од Ташковска.

Ристовски е роден 1912 во Нижополе, Битола, починал во 1989. До јули 1928 се занимава со земјоделие, а од август истата година учи шеќерџиски занает во Скопје во бонбонџиската работилница „Европа“. Со сликарство активно почнува да се занимава од септември 1976 до јуни 1982. Академик Васко Ташковски, син на Ристо Ристовски, е роден 1937 во Нижополе, Битола. Дипломира на Академијата за применета уметност во Белград 1964. Лара Ташковска е трета генерација сликари после дедо ѝ Ристо и татко ѝ Васко.

Изложени се по дваесет дела од Ристовски (темпера на хартија), акрил на платно од Ташковски и платно со акрил и маслена техника од Ташковска. (Фото: К. Попов)

„Вистинско чудо е колку уметност, талент и дарба природата дала во само една фамилија“, рече академик Живко Попов, претседател на МАНУ на отворањето на изложбата.

Академик Ташковски вели дека сликите од оваа изложба се насликани во последните 7 години од неговата последна јубилејна изложба во изложбениот салон на МАНУ.

„Овие слики во акрилна и маслена техника се работени по скици, цртежи или по некои акварели кои ми послужиле како студии за нивната реализација. Со нив пополнувам некои празнини од циклусите и темите што сум ги работел повеќе од 60 години.  Нормално има и слики по најнови скици неврзани за некои теми. Тие празнини можеби и не се толку важни и забележителни за јавноста, но за мене се значајни. Јас ги чувствувам како празни дупки во мојот сликарски мозаик, кои треба да ги пополнам за да заокружам една завршена целина, што не значи и некакво ограничување на таа целина. Правејќи идејни скици на некоја тема не значи дека сите тие скици ќе бидат реализирани како слики, бидејќи тие се само визуелни размислувања и авторски видувања.  Но има и скици што можеби кога би ги реализирал сега би биле антологиски, но не сум сигурен во моите сегашни афинитети и способности , затоа ги оставам депонирани во моите блокчиња како документарен материјал за моето творештво и времето кога се работени“, пишува академик Ташковски во каталогот.

Академик Ташковски вели дека сликите од оваа изложба се насликани во последните 7 години од неговата последна јубилејна изложба во изложбениот салон на МАНУ. (Фото: К. Попов)

„Додека бев дете, над главата ми висеше слика на чудовиште со пет очи. Додека другите деца имаа детски соби со розови облачиња и сино небо, јас имав едно монструозно дело кое воопшто не беше мало, беше 3 метри на 2, на целиот ѕид. Долу кај главата имаше распаднат сад полн со мравки. Уште од мала бев опкружена со таа надреалистична атмосфера. Јас воопшто и не знам како е да се живее нормално. Живеејќи во такво опкружување постојано како дете цртав, се изразував визуелно. Ателјето, како за едно мало дете кое има истражувачка природа, беше идеално место за играње, многу сакав да си играм и да си работам со тоа што може. Беше доста креативно да се живее во такво семејство, ме носеа по изложби и настани“, ни рече Ташковска за растењето во уметничко семејство.

Вели дека заедничка нишка на сите тројца е што имаат фокус на детали.

„Сите нѐ инспирира работење со детализирање“, рече таа.

Ташковска последниве 10 години има школа за цртање за деца и возрасни. (Фото: К. Попов)

Ташковска вели дека иако уште како мала многу сакала да црта и постојано цртала, само во еден период од животот мразела ликовно.

„ Во петто одделение имавме наставник по ликовно, тој нѐ тераше да цртаме партизани и Германци, борба меѓу нив, партизаните пукаат во далечина, германски тенк во експлозија, цели сцени моравме да цртаме и тогаш веќе мразев ликовно. Беше интересно кога на крај ни даде слободна тема, јас одлучив да цртам еден пејзаж. Ми приоѓа наставникот и ми вели: ‘Супер ова е одлично. Е сега уште по патот да нацрташ колона партизани, супер ќе биде.’ Потоа природно дојде да се запишам во Средно уметничко училиште а потоа и Факултет за ликовни уметности во Скопје“, вели Ташковска.

Академик Ташковски, Лара Ташковски, академик Живко Попов и академик Газанфер Бајрам на отворањето на изложбата. (Фото: К. Попов)

На отворањето на изложбата на 11 април говореше и академик Газанфер Бајрам.

„Ристо Ристовски во своите дела дава пресек на селскиот живот. Во каталогот Гоце Божурски во предговорот ќе напише дека Ристо кон сликањето приоѓа со нескротлива енергија, непресушна внатрешна возбуда и незапирлив порив. Благодарение на Ристовски можеме да го видиме светот во кој живеел, на кој се присетувал и кој веќе не постои. Направил извонредна трилогиска хроника на Нижополе. За опусот на Васко напишано е многу. Во неговото творештво се гледа посветеност кон природата во која живееме, го чувствуваме минатото, сегашноста и иднината… Овде се застапени и делата на најмладата Лара. Таа прави контраст од студениот кристал до пламтечкиот оган претставени преку геометријата на цртежот, а во творечкиот израз се доминантни три елементи водата, воздухот и земјата. Да им посакаме на Ташковци уште многу работна сила, добра рака и непресушна инспирација“, рече академик Бајрам.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Дубаи сам си ја направи бељата?

Следно

Започна гласањето за разрешување на градоначалниците во четирите општини во северно Косово

Latest from Blog

Фетаи: Неселективна и примерна правда за кривични дела говор на омраза и нетрпеливост

Потпретседателот на Владата на Македонија, одговорен за политиките на добро владеење, Арбен Фетаи, денеска го осуди палењето на македонското и албанското знаме, опишувајќи ги како кукавички чинови, кои сведочат за опасниот раст

Скаловски: Институтот за родови студии е во алармантна состојба поради недостаток на кадар

Семејното насилство, фемицидите и дискриминациите, во отворена или камуфлирана форма, и натаму опстојуваат за жал, и тоа е и светски тренд. Но тоа не смее да биде оправдување за да се откажеме

Заврши амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2025 година

Собраниската Комисија за финансирање и буџет вечерва го заврши претресот на амандманите по Предлог-буџетот за 2025 година. По амандманската расправа, како Дополнет предлог-буџет документот се враќа во Владата на финално одобрување по

Грција: Суспендирани над 10.000 ученици поради употреба на мобилен телефон на настава

Од почетокот на учебната година во Грција, поради употреба на мобилен телефон за време на наставата суспендирани биле 10.700 ученици, според министерот за образование, религија и спорт на Грција Кирјакос Пиеракакис, јави
Go toTop