Египет бара отворање на шест премини на Израел со Газа

April 20, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Египетскиот министер за надворешни работи, Самех Шукри, денес ја истакна потребата од отворање на израелските премини со опколениот Појас Газа со цел хуманитарната помош да стигне до палестинскиот народ во таа енклава, известува Анадолу.

„Бараме да се отворат шест израелски премини со Газа за хуманитарна помош“, рече Шукри на заедничката прес-конференција со турскиот колега Хакан Фидан во Истанбул.

Египетскиот министер нагласи дека „Доколку не се стори тоа, се прекршува меѓународното право“.

Тој истакна дека Египет „ангажирал меѓународни сојузници за формирање центар во Газа за дистрибуција на помош“.

„Мораме да го спречиме раселувањето на Палестинците и да работиме на формирање независна палестинска држава“, рече египетскиот министер за надворешни работи.

Министерот Шукри, исто така, нагласи: „Иранско-израелската тензија го оттргна вниманието на меѓународната заедница од трагичната ситуација во Газа“.

Бројот на убиени Палестинци во нападите на израелската армија врз Појасот Газа од 7 октомври 2023 година се зголеми на 34.049 во услови на масовно уништување и недостаток на неопходни работи.

– Израелски напади на Појасот Газа

Израел започна смртоносна воена офанзива врз Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници по нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври.

Тел Авив вели во тој напад се убиени речиси 1.200 Израелци, но според зборовите на пилот на Израелските вооружени сили, можно е дел од загинатите Израелци да се жртва на примената на „Ханибаловиот протокол“ од страна на израелската војска.

„Ханибалов протокол“ е контроверзна процедура што ја користат израелските одбранбени сили со цел да се спречи киднапирање на израелските војници од страна на непријателските сили. Според оваа директива, „киднапирањето мора да се запре со сите средства, дури и по цена на напад и елиминирање на киднапираните“.

Според податоците на Обединетите нации, израелската напади врз палестинската енклава принуди 85 отсто од населението на Појасот Газа внатрешно да се раселат, предизвика акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени.

Израел воведе целосна блокада на Појасот Газа, оставајќи го неговото население, особено жителите на северна Газа, на работ на гладување.

Според податоците на Обединетите нации, израелската војна принуди 85 отсто од населението на Појасот Газа внатрешно да се раселат, предизвика акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за да обезбеди хуманитарна помош за цивилите во Газа.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фидан: „Окупацијата на палестинските територии од Израел е една од основните причини за нестабилноста на Блискиот Исток“

Следно

Живот без ризици не вреди да се живее

Latest from Blog

Евровизија пропаѓа: Уште еден победник го враќа трофејот поради учеството на Израел (ВИДЕО)

Откако победникот на Евровизија 2024, Немо, јавно објави дека го враќа својот победнички трофеј на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), друг победник на Евровизија одлучи да го стори истото. Тоа е ирскиот пејач

ФОТО: Дали имате природен магнетизам? Првото нешто што го забележувате открива дали…

Овој интересен визуелен тест ја користи перцепцијата како забавен начин за да ѕирнете во вашиот внатрешен свет. Ве повикува да истражите како вашите први импресии од една едноставна слика може да ги

Митева: Денешниот настап на СДС претставува сериозна штета за медиумскиот простор во Македонија кој мора да биде јасно осуден

Како човек кој секојдневно е во директна комуникација со Вас, медиумите и новинарите, чувствувам обврска јавно да реагирам. Премолчувањето во вакви ситуации би значело дека се откажуваме од одговорноста што ја имаме

Хаос во Индија: Само што си замина Меси – на теренот летаа шишиња (ВИДЕО)

Посетата на Лионел Меси на Индија беше одбележана со инцидент во Калкута, каде што настана хаос откако незадоволни навивачи влетаа на теренот на стадионот „Солт Лејк“, објавија локалните медиуми. По пристигнувањето во
Go toTop