Кривична пријава градоначалникот на Богданци поради злоупотреба на службена положба

April 20, 2024
1 min read

СВР Струмица поднесе кривична пријава против градоначалник на општина Богданци и вработена во Одделение за урбанизам при Општина Богданци, поради злоупотреба на службена положба, информираше министерот Тошковски на својот фејсбук профил.

Тoj објави дека СВР Струмица поднесе кривична пријава против градоначалникот на Општина Богданци и вработена во Одделение за урбанизам на Општината. Инаку, градоначалник на Богданци во два мандати по ред е Блаже Шапов од редовите на СДСМ.

„Првопријавениот во својство на градоначалник на Општина Богданци, во периодот од 17.05.2021 до 15.06.2021 година, по претходно спроведена јавна набавка и договор склучен со најповолен економски оператор, со средства од буџетот на Општина Богданци извршил изградба и реконструкција – поставување на бехатон на КП 9458 КО Богданци која е во приватна сопственост, без да се спроведе постапка за експропријација, на начин што свесно оваа парцела ја прикажал како дел од ул. Крсте Мисирков во Богданци бидејќи за истата нема и не може да има соодветна дозвола за градба и на тој начин спротивно на ДУП на Општина Богданци, спротивно на Закон за експропријација и без соодветна дозвола за градење, со буџетски средства бесправно е изградена приватна КП 9458 КО Богданци, во корист на нејзините сопственици, а на штета на буџетот на општината“, информира министерот. 

Второпријавената, вработена на работно место помлад соработник – урбанистички планер во Одделение за урбанизам и градежништво во Општина Богданци, со овластување дадено од првопријавениот, задолжена како одговорно лице за следење на текот на постапката за изградба и реконструкција на улици на територија на Општина Богданци, иако била должна да знае дека наведената КП е во приватна сопственост, дека согласно ДУП за Општина Богданци на истата не може да се вршат градежни активности, бидејќи нема соодветна дозвола за тоа и не е спроведена постапка за експропријација, сепак го пропуштила надзорот кој била должна да го спроведе со несовесно постапување во вршење на своите законски овластувања и во ниту еден момент не реагирала на незаконските постапки со што овозможила бесправно со буџетски средства да се изгради приватна парцела КП 9458 за КО Богданци во корист на нејзините сопственици, а на штета на буџетот на Општина Богданци.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Тимур Дибиров потпиша нов договор со Загреб

Следно

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Latest from Blog

Зеленски: ЈА ВРАЌАМЕ ВОЈНАТА ВО РУСИЈА

Во своето вечерно обраќање, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги осуди руските напади врз Запорожје и Днепар, нарекувајќи ги „многу цинични“. Тој изјави дека руските сили во Запорожје со беспилотни летала нападнале цивилни

ПОДЕМ: Усвојувањето на Законот за игрите на среќа и забавните игри е важна реформа во интерес на граѓаните

Партијата на обединети демократи на Македонија (ПОДЕМ) го поздравува донесувањето на новиот Закон за игрите на среќа и забавните игри, со кој по повеќе од една деценија конечно се воспоставува современа и

Цените на нафтата растат, вознемиреноста во Ормускиот теснец се интензивира

Цените на нафтата се зголемија на меѓународните пазари на околу 73 долари, сигнализирајќи зголемена вознемиреност кај инвеститорите откако новиот бран ракети во Ормускиот теснец ги истакна ризиците за спроведување на американско-иранскиот договор
Go toTop