Одлуката на Уставниот суд му го блокира патот на Милановиќ да формира влада

April 19, 2024
1 min read

Согласно одлуката на Уставниот суд хрватскиот претседател Зоран Милановиќ не може да стане премиер, дури и да обезбеди доволна поддршка од помалите партии, а доколку и стане премиер тоа потенцијално би отворило простор за посилно проруско влијание во земјата, наведуваат странските медиуми.

Американски Асошиетед прес наведува дека „Уставниот суд утврдува дека со своите изјави и однесување претседателот на Републиката, а без претходно да се усогласи со  предупредувањето од 18 март 2024 година да поднесе оставка од функцијата претседател на Републиката, се ставил во ситуација да не може да биде мандатар за состав на идната влада или премиер“.

АП продолжува дека „пресметката меѓу двајцата хрватски политичари доминираше на изборите, кои исто така се сметаат за тест пред изборите за Европскиот парламент во јуни“.

„Милановиќ ја критикува политиката на ЕУ за војната во Украина. Ако тој формира влада, тоа потенцијално може да отвори простор за посилно проруско влијание во земјата, како во Унгарија и Словачка“, додава АП.

„Коалицијата предводена од опозициската Социјалдемократска партија (СДП) на Милановиќ се најде на второто место со освоени 42 пратенички места. Резултатите покажуваат дека е малку веројатно Милановиќ да стане шеф на владата, но според судската одлука од петок, тој нема да биде може да го стори тоа дури и ако успее да најде доволна поддршка од помалите партии“, пишува Ројтерс.

АФП објави дека судиите претходно ги повикале Милановиќ и СДП да престанат да дејствуваат спротивно на Уставот, а „претседателот да поднесе оставка доколку сака самиот да се фрли во изборната арена“.

Словенечката СТА ја пренесува изјавата на претседателот на Уставниот суд, Мирослав Шепаровиќ, дека Милановиќ „навреме бил предупреден и требало веднаш да си поднесе оставка“ и дека „самиот ја затворил вратата да биде мандатар“.

Српската новинска агенција Бета објави дека „опозициските партии силно ја критикувале одлуката на Уставниот суд на Хрватска дека претседателот Зоран Милановиќ не може да биде мандатар за формирање нова влада, со оценка дека судот застанал на страната на владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ)“.

Бета ја објави реакцијата на професорот на Правниот факултет, Ведран Ѓулабиќ, кој на Х напиша дека Уставниот суд „денеска повторно узурпира овластувања што не му припаѓаат“, како и изјавата на Сања Бариќ, уставна експертка и раководител на Катедрата по уставно право на Правниот факултет во Риека. „Не е важно што вели Сања Бариќ или кој било друг. Тоа го кажа Уставниот суд. И толку. Тоа е уставно-правен поредок, тоа е владеење на правото и само треба да се држиме до него“, рече Бариќ. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Касами: Повеќе вработувања, повеќе градинки и посилна економија

Следно

Вратите се отворени за сите, тренинзите бесплатни: Еве зошто е посебна и успешна приказната за Боксерскиот клуб „10-60“ (ВИДЕО)

Latest from Blog

МЕПСО реконструира осум трафостаници: На ред е и ТС Скопје 4 во Пинтија

МЕПСО започнува со целосна реконструкција и енергетска модернизација на осум трафостаници, меѓу кои и ТС Скопје 4 во Пинтија. Како што информираат од компанијата, по пет децении од изградбата на командната зграда

Седум американски сојузни држави поднесоа тужба против администрацијата на претседателот Доналд Трамп

Во тој „пакет“ беа вклучени околу 810 милиони долари што Белата куќа се обиде да ги укине пред крајот на фискалната година. Минатата недела, Трамп се обиде еднострано да ги задржи средствата

Михаил Пановски до Левица: „Божиновска не одлучува за цената на струјата и не управува со ЕСМ“

Поранешниот пратеник Михаил Пановски реагираше на денешната прес-конференција на Левица, на која партијата ја критикуваше министерката за енергетика Сања Божиновска. Според Пановски, дел од критиките се однесуваат на прашања што не се
Go toTop