Престрелка во Арачиново, пукано кон градоначалникот

April 1, 2024
1 min read

Најмалку едно лице е повредено во вооружен напад што денеска попладне се случил во скопско Арачиново. Пукано било кон автомобилот во кој се превезувал градоначалникот на оваа општина, Ридван Ибраими.

Покрај него, во моментот на пукањето во возилото се наоѓале и неговиот возач и лице вработено во општината. Мотивите за нападот и идентитетот на напаѓачите засега е непознат.

Според информациите од МВР, населбата е под зголемено полициско присуство.

– Денеска (01.04.2024) во 13.25 ч. во СВР Скопје е пријавено дека на влез на с. Арачиново машко лице со автоматска пушка пукало кон градоначалникот на о. Арачиново Р.И., кој бил заедно со уште неколку лица. При тоа повредени се две лица, кои биле заедно со градоначалникот. Градоначалникот не е повреден, а не се точни ниту шпекулациите објавени во дел од порталите дека е повреден полициски службеник. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот. – се вели во соопштението од МВР.

 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Десетици илјади Израелци на демонстрации против Нетанјаху

Следно

Утре и задутре поради штрајкот на грчките цариници нема да може да се влезе во Грција

Latest from Blog

Поранешни противници бараат помош од австралиската влада поради здравјето на Имран Кан: Ќе умре во затвор

Вчера, седум поранешни австралиски капитани во крикет ја повикаа министерката за надворешни работи на земјата, Пени Вонг, да интервенира дипломатски во врска со продолжениот притвор на поранешниот пакистански премиер, изразувајќи загриженост за
Go toTop