Десетици илјади Израелци на демонстрации против Нетанјаху

April 1, 2024
1 min read

Протестите против премиерот Бенјамин Нетанјаху во Израел не запираат. Пред парламентот во Ерусалим десетици илјади демонстранти во неделата бараа одржување нови избори и итен договор за ослободување на заложниците од рацете на исламистичката терористичка организација Хамас.

Израелскиот медиум Вести Н12 јавува за најголемата демонстрација од почетокот на војната. Уште во саботата вечерта во тел Авив демонстрираа илјадници луѓе, а најавено е протестот да трае четири дена.

Опозициониот лидер Јаир Лапид остро го критикуваше Нетанјаху, обвинувајќи го дека неговата влада ги уништува  односите на Израел со САД  и ги препушта израелските заложници кај Хамас на нивната судбина. „Сите негови потези се во корист на неговата политика,  ништо не е за доброто на земјата“, обвини Лапид.

 

 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Израел ја претвори болницата во куќа на смртта“, рече норвешки лекар кој 16 години работел во Шифа

Следно

Престрелка во Арачиново, пукано кон градоначалникот

Latest from Blog

Поранешни противници бараат помош од австралиската влада поради здравјето на Имран Кан: Ќе умре во затвор

Вчера, седум поранешни австралиски капитани во крикет ја повикаа министерката за надворешни работи на земјата, Пени Вонг, да интервенира дипломатски во врска со продолжениот притвор на поранешниот пакистански премиер, изразувајќи загриженост за
Go toTop