КОНЦЕРТ СО МУЗИКА ОД АРХИВИТЕ НА МРТ ВО ЧЕСТ НА ЈУБИЛЕИТЕ НА „ТАНЕЦ“, НАРОДНИОТ ОРКЕСТАР НА МРТ И ТОДОР ТРАЈЧЕВСКИ

April 1, 2024
2 mins read

„Од архивите на МРТ“ е насловен концертот на Оркестарот на Ансамблот „Танец“, кој ќе се одржи на 3 април во 20 часот во малата сала на Филхармонија, на Деновите на македонска музика.

Концертот се организира во чест на 80 години од основањето на Македонската радиотелевизија (МРТ), 75 години од основањето на „Танец“ и Народниот оркестар на МРТ, како и 70 години од раѓањето на композиторот Тодор Трајчевски (1954-2021), член на Сојузот на композитори (СОКОМ) и автор, инструменталист и раководител на Народниот оркестар на МРТ.

„Самиот наслов ја открива содржината на овој ексклузивен настан, со кој оркестарот на ‘Танец’, раководен од маестро Дарко Илиевски ќе возобнови дел од богатата архива на Македонската радио телевизија, односно ќе отсвири партитури кои се неотуѓив дел од македонското наследство, композиции од врвните мајстори кои создавале за Народниот оркестар за време на неговото постоење. Концертот ќе започне со кус разговор со Благоја Десковски, последниот раководител на Народниот оркестар, а потоа ќе биде изведена програма составена од композиции од најзначајните автори на аранжмани и творби за Народниот оркестар, и тоа од речиси од сите периоди на постоењето на оркестарот (Никола Галевски, Ангел Нанчевски, Тале Огненовски, Пеце Атанасовски, Иван Терзиев, Кочо Петровски, Благоја Десковски, Петар Лукиќ, Илчо Јованов, Тодор Трајчевски)“, соопштија од СОКОМ.

Основан во март 1949 , ансамблот „Танец“ е формиран со цел да ги собира и негува македонските традиционални песни и игри, народните инструменти и носии носии. Репертоарот се состои од повеќе од 90 кореографии и неколку стотици вокални и инструментални творби, преку кои ансамблот ги претставува разновидните музички и кореографски традиции од сите региони каде што се создавал богатиот македонски фолклор. Во својот фундус поседува уникатна збирка на повеќе од 3.000 автентични носии со исклучителна вредност и убавина.

Во периодот по Втората светска војна, по добивањето на слобода, сопствен јазик и сопствена државност, започнало формирањето и на институциите и ансамблите во Македонија. Тогаш, како што велат од СОКОМ, се поставуваат и темелите на „Радио Скопје”, како политичко- информативна и научно-уметничка програма, во чии рамки беа застапени и другите дејности. На Живко Фирфов во тој период му била поставена одговорна задача – да ја организира и оформи радио програмата на македонската народна музика. Полека и со голема грижа за зачувување на карактеристиките на македонскиот автентичен фолклорен израз, тој прво го создал „Чалгискиот оркестар од Велес“ (познат уште како „Велешка четворка“), а потоа во 1949, назначувајќи го Никола Галевски за одговорен раководител, го основал и Народниот оркестар на МРТ.  Фирфов е воедно и еден од основачите и прв уметнички раководител на Ансамблот за народни песни и игри на НРМ „Танец“ и еден од создавачите на „Фолклорниот институт на НРМ“.

„Архивата на МРТ е непроценлив извор на снимки, партитури и факти за развојот на македонската музичка култура, но и на македонската културна историја во целост. Архивата и фонотеката на МРТ се најстари во државата и претставуваат вистинско национално богатство. Голем дел од драгоцените архивски материјали се произведени од ансамблите кои долги години делуваа во рамките на телевизијата, а тоа се: Големиот народен оркестар, Оркестарот на народни инструменти, Чалгискиот оркестар, Камерниот оркестар, Радио хорот, Детскиот хор и Биг-бендот“, велат од Сојузот на композитори.

Тодор Трајчевски, кој почина пред 3 години по компликации од ковид-19, во 1983 се вработил во Народниот оркестар на МРТ, каде во 1988 година станал и негов раководител.

Автор е на повеќе од 200 песни од различни жанрови, создал над 400 аранжмани, а компонирал бројни инструментални композиции за голем народен оркестар („Фолк загатка“, „Чие е она девојче“, „Изникна ми бадем дрво“,„Кинисала Роса“, „Повардарско оро“ и др.), инспирирани од фолклорното наследство на Македонија. Некои од нив се вбројуваат во антологиските бисери на поновата музичко-фолклорната литература. Соработувал со бројни македонски ѕвезди од областа на народната музика, учествувал речиси на сите македонски фестивали, а пишувал и класични композиции главно за тромбон и клавир, во соработка со „Дуо Рибарски“.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Микрософт и ОпенАИ подготвуваат компјутер за ВИ од 100 милијарди долари

Следно

Од утре поевтин дизел, поскапува „супер-98“, Регулаторна го објави новиот ценовник

Latest from Blog

Божиновска се заблагодари за брзата реакција на концесионерите при пожарот во Трубарево

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини веднаш се вклучи во справувањето со пожарот во Трубарево, соопшти министерката Сања Божиновска. Единствениот ефикасен начин за локализација на огнот беше негово затрупување со големи

„Ако умрам на непознато место“: Морган Фриман има морничава причина поради која носи златни обетки

Фримен (86) отсекогаш го привлекувале морето и едрењето. Така, кога дознал дека морепловците и пиратите некогаш носеле златни обетки за да имаат доволно пари за својот погреб ако починат во странство, Фримен

Барса со непријатност – по мечот против Валенсија немаше тушеви за играчите

Фото: Барселона Х Промената на стадионот за натпреварот на Барселона против Валенсија (6:0) донесе уште една непријатност. Шампионите на Ла Лига играа пред само 6.000 гледачи на „Јохан Кројф“ во својот тренинг-центар,

Меџити: Чаир ќе стане инклузивна општина за сите граѓани

Првиот-вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, најави изградба на современа и инклузивна инфраструктура во општина Чаир, со цел создавање на средина достапна за сите граѓани, вклучително и
Go toTop