Минимална плата во Белгија се зголемува на 2029,88 евра

March 30, 2024
1 min read

Загарантираната месечна минимална плата за полно работно време во Белгија од утре се зголемува на 2029,88 евра, јави дописникот на МИА од Брисел. 

Досега, загарантираната минимална плата во земјата изнесуваше 1992,38 евра, а зголемувањето е во рамки на планот на Владата за нејзин раст оваа година за 37,50 евра. Следното зголемување, исто така за 37,50 евра, е предвидено за 2026 година. 

Со ова Белгија ќе се приклучи на групата на членки на ЕУ чија минимална плата е повисока од 2000 евра. 

Поголема минимална плата од Белгија од утре ќе имаат само Луксембург и тоа од 2570,93 евра, Ирска од 2146,30 евра, Холандија од 2070,12 евра и Германија од 2054 евра. 

По Белгија следна е Франција, каде од 1 јануари годинава минималната плата е покачена на 1766,92 евра. 

Во својата предизборна програма за белгиските парламентарни и регионални избори, што ќе се одржат во јуни заедно со европските избори, валонската Социјалистичка партија (ПС) ветува дека во следните години минималната плата во Белгија ќе се зголеми на 2800 евра. Според анкетите, се очекува ПС да освои најмногу гласови во Валонија и да биде трета по јачина сила во регионот на Брисел, со што би имала најголем број пратеници меѓу партиите од актуелната седумпартиска владејачка коалиција.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Уставни измени, стратешки инвестиции и пакет реформи во наследство на новото Собрание

Следно

Обезноста причина за хронични болести, во Центарот за менаџирање на дебелина прегледани 730 пациенти

Latest from Blog

Цените на нафтата растат, вознемиреноста во Ормускиот теснец се интензивира

Цените на нафтата се зголемија на меѓународните пазари на околу 73 долари, сигнализирајќи зголемена вознемиреност кај инвеститорите откако новиот бран ракети во Ормускиот теснец ги истакна ризиците за спроведување на американско-иранскиот договор

Андоновски од Политичкото собрание на ЕПП: Дигиталната трансформација е чекор кон ЕУ, но проширувањето мора да остане процес заснован на заслуги

Министерот за дигитална трансформација и меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски заедно со пратеничката Иванка Василевска се учесници на Политичкото собрание на Европската народна партија (ЕПП) во Виена. Андоновски денеска учествуваше на

Коњановски: Битола е дел од европскиот културен дијалог преку изложбата „Инспирации“

Тони Коњановски заедно со претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски присуствуваше на свеченото отворање на изложбата „Инспирации“, која преку внимателно избрани фотографии ги претставува трите европски градови носители на титулата
Go toTop