Николов: Милевски ме разочара, ама нема да ме избрка од Македонија!

March 28, 2024
2 mins read

Фудбалската репрезентација на Македонија изминатава недела одигра два пријателски натпревари во кои одигра нерешено против Молдавија (1-1) и загуби од Црна Гора (0-1) што предизвика разочарување кај спортските вљубеници во државата, особено што овие резултати доаѓаат по лошите игри во квалификациите за ЕП 2024.

Ова беше причина за напади по социјалните мрежи и медиумите на сметка на селекторот Благоја Милевски, за кого многумина сметаат дека одамна требаше да биде сменет. Меѓу тие што изразија разочараност од работата на популарниот Сер Боби е и фудбалерот на унгарски Кишварда, Бобан Николов, кој не доби повик за изминативе две средби.

И јас сум еден од разочараните репрезентативци поради односот на селекторот Милевски и тоа од повеке причини. Бев дел од селекцијата која оствари историски успех со пласман на ЕП на што сум посебно горд. Но, по доаѓањето на новиот селектор, со кого соработував како капитен на селекцијата до 21 година, очекувањата за успесите беа високи, но морам да го искажам личнито разоларување од Б.М. и тоа од повеќе аспекти. Селекторот изјави дека повик ќе добиваат играчи кои играат и имаат минутажа во своите клубови, но во мојот случај се докажува спротивното – кога не играв не добивав повик. но и кога играм пак не сум повикан, разочарано ни раскажува Николов.

Поранешниот фудбалер на Вардар во продолжение ја раскажува конверзацијата со селекторот, а проговори и за тие што веќе искажаа револт од работата на Милевски.

Во разговор со селекторот, тој ми соопшти дека не сум бил избришан од неговата глава зошто играм добро, но дека во моментов не сум бил дел од неговиот концепт. Интересно е што бев дел од концептот за големата победа против Италија во Палермо, што е навистина чудно. Се зборува дека сум бил дел од некаков клан составен од фудбалери кои во изминатиов период се повлекоа од репрезентацијата, па дека тоа било причина што не добивам повик. Не сум дел од никаков ‘клан’, до ден денес со сите мои колеги имам супер односи, јас сум дел од селекцијата што живееше како едно семејство и која оствари историски успех. Со Ристовски, кој јавно го искажа својот револт и мислење за селекторот, сум навистина близок, а со Аријан Адеми исто така приватно сум многу близок и се надевам дека и тој во брзо време ќе ја објасни причината за неговото повлекување од репрезентацијата, дополнува Николов.

Повремениот репрезентативец на крајот потенцира дека ваквиот однос нема да ја намали неговата елба и реченост да игра за Македонија.

Концептот и резултатите на селекторот нека ги суди јавноста, јас нема да се мешам, но само сакам јавно да го изразам моето незадоволсто и разочарување како играч кој бил дел од историските достигнувања на нашата репрезентација. Јас никогаш не се откажувам од Македонија, имам 49 настапи и на секој од нив сум го давал максимумот и сум го оставил срцето на терен. Се надевам на подобри денови за репрезентацијата, а во меѓувреме им посакувам успех и среќа на моите колеги, завршува фудбалерот од средниот ред.

Николов сезонава одигра 22 средби за Кишварда на кои постигна три гол, а има и три асистенции. За Македонија досега на 48 средби реализира четири погодоци.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СЕКОЈА РАБОТА Е ТЕШКА, НО МОЖЕ ДА БИДЕ И ЛЕСНА АКО СЕ ОДНЕСУВАТЕ ЧЕСНО И ОДГОВОРНО КОН НЕА, РЕЧЕ ШТИПСКИОТ АКТЕР РАДЕ РОГОЖАРОВ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕТО

Следно

Викендов почнува летното сметање на времето

Latest from Blog

Коњановски: Столици се поставуваат за минути, градот се гради со секојдневна работа

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, реагираше на герила-акцијата со бели столици поставени пред општинската зграда, на кои биле испишани имиња на проекти потребни за градот. Тој порача дека на столиците недостасувала важна

Од Валенсија и Кожани до Битола: Меѓународна соработка за посигурно водоснабдување

ЈКП „Водовод“ – Битола информира дека било домаќин на претставници од Политехничкиот универзитет во Валенсија, Шпанија, и Универзитетот на Западна Македонија во Кожани, Грција, во рамките на меѓународниот проект WATERVILL, кој го

Божиновска: Македонските енергетски приоритети ги претставуваме пред светските лидери

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествува на Лидерскиот самит во рамките на COP31 во Анталија, Турција, како дел од државната делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Според Божиновска,

ВЛЕН: Али Ахмети да поднесе оставка, документите ја откриваат соработката на ДУИ со српските центри на моќ

Коалицијата ВЛЕН побара оставка од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, обвинувајќи ја неговата партија за долгогодишна политичка и деловна соработка со структури поврзани со Србија. Од ВЛЕН тврдат дека документи покажуваат оти

Проданоски: Во Прилеп го одбележавме Денот на примирјето од Првата светска војна

На германските воени гробишта во Прилеп беше одбележан Денот на примирјето и им беше оддадена почит на жртвите од Првата светска војна. Градоначалникот Дејан Проданоски присуствуваше на покана на германската амбасадорка Петра
Go toTop