НЕ Е ВИНОВНА МЕГАН: Кралски биограф откри која е вистинската причина поради тоа што Хари си замина од палатата и се откажа од титулата

March 27, 2024
1 min read

Иако има информации дека принцот Хари сака повторно да изгради мостови со кралското семејство, нема многу знаци дека Вилијам ќе дозволи тоа да се случи – барем не во блиска иднина, пишува „Дејли Мејл“.

Растојанието меѓу двајцата браќа е уште потажно ако се земе предвид колку блиски и обединети некогаш биле во неволја.

Сепак, како што истакнува кралскиот биограф Роберт Лејси, иако сега постои јаз меѓу браќата, тоа не е прв пат Вилијам и Хари да се скараат.

Пукнатините биле видливи многу порано, всушност – уште во 2002 година, тврди тој.

Тоа е годината кога беше откриено дека Хари пушел канабис, а тоа откритие предизвика болни наслови.

Три години подоцна, Хари доживеа дополнително понижување кога беше фотографиран како носи нацистичка униформа на една забава.

Хари упати јавно извинување за ова, а принцот Чарлс го испрати да биде подучуван од главен рабин.

Сепак, Лејси се прашува, како е можно Хари да ја сноси целата вина за ваквите инциденти додека неговиот постар брат се извлекува со тоа?

„Меган Маркл не беше оригиналниот фактор во одлуката на принцот Хари да се ослободи од семејството“, пишува Лејси во својата бестселер книга „Битката на браќата“.

„Во јануари 2005 година, по фијаското со костимот, сега знаеме дека принцот Хари беше привлечен да ја преиспита вмешаноста на неговиот постар брат и неправдата Вилијам секогаш да се извлекува од се“.

„Тоа го натера Хари да се чувствува изолиран. Пријателите се сеќаваат на тишината и прилично сериозен јаз меѓу браќата во тоа време – исто како што беше по „скандалот со дрогата“ во 2002 година, кога Хари првпат почна да ја сфаќа цената за на улогата на функционална жртва.

Во таа прилика, пишува Лејси, „Хари и неговиот пријател Гај Пели ја презеле вината за „дивата злоба“ во пабот Ратлбоун, „кога вистинскиот водач на злото беше Вилијам“.

Авторката и новинарка Кети Николс се сеќава на еден кралски службеник кој и рекол дека „за прв пат нивната врска навистина страдала и тие едвај зборувале. Хари се навредил што Вилијам поминал толку лесно“.

Лејси заклучува:

„Функцијата на постариот брат беше да биде совршен, без разлика дали навистина бил или не, а функцијата на помалиот брат беше да нè насмее, да го сожалуваме или да го осудуваме – и во секој случај да направи да се чувствуваме крајно супериорни во однос на тоа дете“.

„Ова беше улога што сите ја обликувавме за принцот Хари низ годините“, заклучува Лејси.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Иван Тони главна трансфер цел на Манчестер јунајтед

Следно

НАЈМОЌНИОТ АСТРО ФЕНОМЕН ДОАЃА ВО АПРИЛ! Започнува ново поглавје за сите хороскопски знаци

Latest from Blog

Европската комисија препознава конкретни резултати во трансформацијата на македонската енергетика

Македонија остварува напредок во трансформацијата на енергетскиот сектор, пред сè преку забрзаниот развој на обновливите извори, проширувањето на организираниот пазар на електрична енергија и новите инфраструктурни поврзувања со соседните земји. Овие промени

Коњановски за „Алта банка“: Ги следиме насоките на Народната банка и интересите на граѓаните

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ги објави состојбите на сметките на јавните претпријатија во „Алта банка“, по барањето на дел од советниците за свикување вонредна седница. Тој порача дека, според досегашните информации,

Божиновска: Силните партнерства со Германија отвораат нови економски можности

Продлабочувањето на економската соработка и привлекувањето нови инвестиции беа во фокусот на средбите во Германија, на кои министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше како дел од владината делегација

Проданоски: Со свечена седница и признанија го одбележавме ослободувањето на Прилеп

Со свечена седница на Советот на Општина Прилеп во НУЦК „Марко Цепенков“ беше одбележан 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот. На свеченоста беа доделени традиционалните третоноемвриски награди и признанија, а
Go toTop