Активиран системот „Најди ме“ во Србија по исчезнувањето на двегодишно девојче во Бор

March 26, 2024
1 min read

 

Двегодишното девојче Данка Илиќ денеска попладне исчезнало во околината на градот Бор во Источна Србија, по што во земјата по првпат е активиран системот „Најди ме“ (Amber Alert) со кој јавноста веднаш се известува за исчезнување на дете. 

Девојчето, како што се наведува во соопштението на системот, исчезнало во приградската населба Банско Поле во околината на Бор. Како што јави српскиот национален сервис (РТС), на терен се припадници на полицијата, пожарникари спасувачи, членови на доброволно противпожарно здружение и на планинарската служба за спасување. Се очекува од Ниш да пристигнат и припадници на Жандармеријата со кучиња трагачи.  

Во акцијата се вкучиле и граѓани на Бор, пријатели и членови на семејството на исчезнатото девојче. Во потрагата во која се користат и дронови со термокамери, според РТС, учествуваат околу 2 000 луѓе. Според српскиот национален сервис, девојчето исчезнало околу 13 часот на непристапен терен, обраснат со густа шума.

Системот „Најди ме“ или Ambert Alert, кој постои во повеќе земји, е наменет за итно известување на јавноста во случај на исчезнато дете. Тој овозможува брза дистрибуција на информации до сите граѓани, кога полицијата ќе оцени дека нивното објавување може да помогне за пронаоѓање на детето. Итното известување подразбира испраќање порака за исчезнувањето со сите релевантни информации, прекин на ТВ- и радиопрограми, испраќање СМС-пораки до сите граѓани, прикажување на информацијата на екрани на автопатиштата, аеродромите, железничките и автобуските станици.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Србија првпат го активираше системот „Најди ме“, исчезнато е две годишно девојче

Следно

Во недела почнува летно сметање на времето

Latest from Blog

Нема зголемена радијација во Трубарево по пожарот – соопшти ИЈЗ

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) соопшти дека нема отстапувања од нормалните референтни вредности на радијацијата во почвата и воздухот по пожарот што се случи во Трубарево. Според ИЈЗ, во текот на вчерашниот

Руски разузнувачи: ЕУ подготвува „српски Мајдан“, ќе се обидат да го искористат 1 ноември

Службата за надворешно разузнавање на Руската Федерација (СВР) објави дека, според нејзините информации, „сегашните немири во Србија со активно учество на млади луѓе се во голема мера производ на субверзивните активности на

Локални избори во Косово: „Единствена горанска партија“ со своја кандидатска листа

На локалните избори во Република Косово, што ќе се одржат на 12 октомври, 2025 година, со своја кандидатска листа ќе учествува и партијата  „Единствена горанска партија“. На кандидатската листа на нашата партија

Доналд Трамп ги повика Федералните резерви значително да ги намалат каматните стапки

Американскиот претседател Доналд Трамп денес ја повика американската централна банка значително да ги намали каматните стапки на претстојниот состанок за монетарната политика. Во објава на неговата социјална мрежа Truth Social, тој изјави
Go toTop