Локални избори во Косово: „Единствена горанска партија“ со своја кандидатска листа

September 15, 2025
1 min read

На локалните избори во Република Косово, што ќе се одржат на 12 октомври, 2025 година, со своја кандидатска листа ќе учествува и партијата  „Единствена горанска партија“. На кандидатската листа на нашата партија се наоѓаат 19 кандидати од разни делови на областa Гора. На листата се вредни луѓе, кои се залагаат за подобрување на положбата на Македонска горанската заедница, во Косово зачувување и активно промовирање на нашите културни вредности, обичаи и традиции, како и формирање општина Гора во согласност со Уставот и законите на Косово, вели претседателот на партијата и носител на листата, Адем Хоџа, дипломиран инжињер.

Општинските избори на Република Косово, ќе се одржат во недела, 172-ти октомври. Партијата “Единствена горанска партија” учествува на изборите со кандидати за совет на Општина Драгаш областа Гора. Ве покануваме заедно и масовно да излеземе на гласање за да покажеме дека и покрај многубројните и разновидни напори за гаснење на нашиот идентитет и гласот на Горанците, ние постоиме, ние сме тука и сме посилни од било кога.

Вашиот глас за Партијата “Единствена горанска партија” ја зајакнува и ја чини уште посилна во посветеноста кон легитимните барања на Македонска – Горанска заедница во Република Косово, европските стандарди на локална самоуправа да ја вклучуваат и областа Гора, и за вистинска економска и политичка еднаквост и поголема застапеност во институциите. Ве повикуваме, излезете на гласање и заокружете го бројот 183, како и бројот на еден од нашите кандидати на листата за советници.

 

Извор: vesnik-ilinden

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Тудор: Едвај чекаме да почне мечот против Борусија

Следно

Руски разузнувачи: ЕУ подготвува „српски Мајдан“, ќе се обидат да го искористат 1 ноември

Latest from Blog

СЕ ТРЕСЕШЕ ТЛОТО ВО ЗАПАДНИОТ ДЕЛ ОД ЗЕМЈАВА, еве каде е епицентарот

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 00 часот и 06 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, со Рихтерова локална магнитуда,

ВЛЕН: 24 месеци отчетност, реформи и конкретни резултати

ВЛЕН одбележа 24 месеци учество во Владата под мотото „Транспарентност и отчетност“, истакнувајќи дека изминатите две години се обележани со конкретни реформи, реализирани проекти и политики насочени кон подобрување на животот на

Израел: Убивме неколку вооружени терористи во Сирија

„Вчера, воените сили елиминираа неколку вооружени терористи во безбедносната зона на југот на Сирија“, се вели во соопштението на армијата, додавајќи дека тие ќе „продолжат“ да дејствуваат таму „и да елиминираат каква
Go toTop