Тошковски: Реорганизацијата дава резултат – термин за итна постапка за пасош се добива за еден ден

March 26, 2024
1 min read

Термин за итна постапка за фотографирање за пасош во Скопје се добива за еден ден, соопшти утрово техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски. Според него, реорганизацијата и зголемувањето на капацитетите во делот на управните служби даваат резултат.

-Повеќе нема чекање со месеци за фотографирање за пасош по итна постапка во Скопје и од денес граѓаните кои ќе побараат термин, ќе го добијат за истиот или наредниот ден, објави Тошковски на социјалните мрежи.

Министерот соопшти претходно и дека со новиот модел на достава на личните карти на граѓаните во Скопје доставени се четири и пол пати повеќе лични карти.

-Пред две недели го укинавме претходно воспоставеното решение за достава на лични карти според кое полициски службеници ги доставуваа личните карти на домашна адреса на граѓаните и воведовме нов механизам за достава така што граѓаните можат во било кое време да ја подигнат својата лична карта во подрачната полициска станица според местото на живеење, истакна Тошковски.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кузманов „Студио 10“: Ризиците од терористички напади се големи кога има војна

Следно

Прајд знамињата забранети во сите американски амбасади

Latest from Blog

Поранешни противници бараат помош од австралиската влада поради здравјето на Имран Кан: Ќе умре во затвор

Вчера, седум поранешни австралиски капитани во крикет ја повикаа министерката за надворешни работи на земјата, Пени Вонг, да интервенира дипломатски во врска со продолжениот притвор на поранешниот пакистански премиер, изразувајќи загриженост за
Go toTop