Кузманов „Студио 10“: Ризиците од терористички напади се големи кога има војна

1 min read

Бројот на жртвите во терористичкиот напад во Москва е зголемен на 139, а бројот на повредени во нападот останува непроменет – 182.

Покрај првичните нејаснотии кој и од каде е, Исламска држава ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во петокот вечерта во концертната сала „Крокус сити хол“ во предградието на Москва, вели за „Студио 10“ Златко Кузманов,  Центар за интегрирана безбедност.

„Согласно како ги аналзираме информации кои доаѓаат од западните служби, западните медиуми произлегува дека ИСИС стои зад овој напад. Да се потестиме, Русија беше вклучена во против-терористичката борба против ИСИС на тероторија на Сирија. Русија е вклучена во борба против групите на ИСИС и на тероторија на Африка. Може да се каже, таквите терористички групи се подготвени на такви крвави, нечовечки напади да вратат за нападите кои ги добиле од Русија. Русија е во воена операција, исцрпува средства, повеќе од милион војници се мобилизирани. Полциските служби мора да ја штитат внатрешноста. Со ова се црпи безбедносниот апарат и не се постигнува сите настани да се обезбедат соодветно. Ризиците од терористички напади се големи кога има војна. Пред некое време имаше и предупредување од САД кои ги пратат ИСИС, затоа и поголем дел од запдните држави се ранливи на ова и ги подигнаа мерките за безбедност и очекуваат оваа организација да направи напади и во нивните земји исто како што го извршија и овој напад.“ – изјави Кузманов.

Извор: 24vesti.mk

Претходно

Истанбулската полиција уапси 17 лица осомничени за поврзаност со групата „Исламска држава“

Следно

Тошковски: Реорганизацијата дава резултат – термин за итна постапка за пасош се добива за еден ден

Latest from Blog