ЦУК: Во последното деноноќие 2.113 повици на 112, имало 10 пожари на отворено

March 23, 2024
1 min read

Во последното деноноќие имало вкупно 2.113 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, од коишто „реални“ биле 50,69 отсто повици, а 49,31 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Од реалните повици кон Полиција биле упатени 68,69 отсто, кон Итната медицинска помош 24,6, а кон пожарникарите  4,15 отсто, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). 

-Имало и 1.050 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реални“ повици 2,56 отсто и на 49,31 отсто именувани како „неитни повици“. Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи, велат од ЦУК.

Нагласуваат дека во последното деноноќие има регистрирано 10 пожари на отворено, што се пријавени и документирани во ЦУК.

Регионалниот ЦУК Скопје, информира дека пожарникарите од БППЗ на Град Скопје, во изминатото деноноќие имале пет помали интервенции за гаснење запалено ѓубриште и отпаден материјал во село Арачиново кај улицата „Бојмија“, населба „Ергеле“ кај  улицата „Перо Наков“ и кај село Усје. Во сите случаи  интервенирале со едно ПП возило и три пожарникари.

Регионалниот ЦУК Охрид информира дека пожарникарите од ТППЕ Охрид од 10.00 до 12.00 часот со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во село Песочани (Општина Охрид).

Регионалниот ЦУК Битола, известува дека во изминатото деноноќие имало една помала противпожарна интервенција.

Регионалниот ЦУК Велес информира дека пожарникарите од ТППЕ Велес од 12.00 до 16.30 часот гаснеле шумски пожар на нискостеблеста деградирана шума во атарот на село  Горно Врановци, при што интервенирале четири вработени од ЈП „Национални Шуми“ подружница „Бабуна“ од Велес. Изгорена била површина од околу 8 хектари (Општина Чашка).

Регионалниот ЦУК Штип информира дека пожарникарите од ТППЕ Берово од 12.10 до 14.00 часот со два пожарникара и едно ПП возило гаснеле ниска вегетација во атарот на село Митрашинци (Општина Берово).

Регионалниот ЦУК Куманово информира дека пожарникарите од ТППЕ Крива Паланка, во период од 11.45 до 13.15 часот со три пожарникари и едно ПП возило, гаснеле запалена дабова шума и ниска вегетација во село Конопница.

-Пожарникарите паралелно со пожарите на отворено гаснеле и пожари во населени места, на територија на целата држава, посочуваат од ЦУК и апелираат да не се пали вегетација на отворено, редовно да се чистат локалните одводни канали и да не се фрлаат отпадоци во каналите.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Словачка се одржуваат претседателски избори

Следно

Во Скопје санкционирани 150 возачи

Latest from Blog

Комуналец – Прилеп: Продолжува обновата на зелените површини

ЈКП Комуналец – Прилеп продолжува со реализација на Оперативниот план за ново засадување и обновување на дрвја, зимзелени и грмушкасти растенија низ градот. Во рамки на активностите во населбата „Димо Наредникот“, на

Усвоено: Путин ќе може да нападне која било земја во светот? СО ВОЕНА ИНТЕРВЕНЦИЈА ЌЕ ОСЛОБОДУВА РУСИ ПРИВЕДЕНИ ВО СТРАНСТВО

Во среда, рускиот парламент донесе закон со кој му се дозволува на претседателот Владимир Путин да нареди инвазија на странски земји. Според законот, Москва законски ќе може да испраќа војници во странство

На Клиниката за хематологија нема недостиг на лекови и терапија

Министерството за здравство ги демантира информациите кои се појавија во дел од медиумите за „колапс на Клиниката за хематологија“. „Во врска со објавите со наслов „Пациенти алармираат за колапс на Клиниката за

Икер Касиљас: Не го сакам Мурињо во Реал Мадрид!

ФОТО:facebook.com/SLBenfica/ Легендата на Реал Мадрид, Икер Касиљас, верува дека Жозе Мурињо не е најдобрата опција за нов тренер на клубот. “Специјалниот“ е пред враќање на „Бернабеу,“ а веста се очекува да биде
Go toTop