Во терористичкиот напад во концертна сала во Москва загинаа 40 лица

March 22, 2024
1 min read

Во терористичкиот напад во Крокус загинаа 40 лица, повеќе од 100 се повредени, потврди Андреј Воробјов, гувернерот на московскиот регион и изрази сочувство до семејствата на жртвите.

Тој информира дека лекарите продолжуваат да им пружаат помош на сите настрадани. На терен се и два противпожарни хеликоптери.

– Главната задача сега е да се изгасне пожарот. Се шири на голема површина, информира Воробјов.

Неидентификувани маскирани вооружени лица отворија оган во концертна сала во Красногорск, територија во непосредна близина на главниот град Москва. Нападот се случил во Крокус Сити Хол во Красногорск, административниот центар на московската област, за време на концерт.

Рускиот претседател Владимир Путин е информиран за терористичкиот напад во Москва „штом се случил“, а бил информиран од надлежните служби, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Шефот на руското Министерство за внатрешни работи Владимир Колоколцев е на местото на терористичкиот напад во Крокус. Горните катови на Крокус Сити Хол речиси целосно изгореа, а социјалните мрежи се преплавени со снимки од уривање на покривот на салата.

Најмалку три маскирани лица отвориле оган во концертната сала Крокус Сити Хол во северозападниот дел на Москва, при што има ранети, пренесе Н1 повикувајќи се на РИА Новости. Руските и светските медиуми јавуваат дека има повредени, и можеби загинати луѓе.

Според дописникот на РИА Новости, напаѓачите потоа фрлиле граната или запалива бомба, што предизвикало пожар.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Нетанјаху до Блинкен: Испраќаме војници во Рафах, со или без американска поддршка

Следно

Судот го одби барањето на Обвинителството за определување притвор за извршителката Јакимовска

Latest from Blog

Ердоган: Очекуваме единството на алијансата да биде нагласено на самитот на НАТО

Тој повика на укинување на ограничувањата за трговија со оружје и воена опрема и на Анкара да ѝ биде дозволено да учествува во иницијативи за зајакнување на европската безбедност, објави Ројтерс. Анкара

Проданоски им оддаде признание на учениците за филмот „Девојките на Марко“

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, оствари средба со членовите на драмската секција „Слободно театарче“ при СОУ „Ѓорче Петров“, при што им оддаде признание за нивната посветеност и успехот со реализацијата на долгометражниот

Проданоски: Прилеп е целосно подготвен за превенција и брза реакција при пожари на отворено

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, соопшти дека Општината е целосно подготвена за превенција и справување со пожари на отворено во пресрет на летната сезона, по денешниот координативен состанок на Општинскиот штаб за
Go toTop