Напад во Москва: Маскирани лица пукале на присутни во концертната сала „Крокус сити хол“

March 22, 2024
1 min read

Најмалку три маскирани лица вечерва отвориле оган во концертната сала „Крокус сити хол“ во северозападниот дел на Москва, јавуваат руските медиуми.

Неколку загинати многу ранети, иако се уште нема официјални информации. Пукањето се случило пред почетокот на концертот на групата Пикник.

„Руските власти сега известуваат дека има од 40 до 100 смртни случаи како резултат на терористичкиот напад во концертната сала ‘Крокус’ вечерва во Москва, а бројот на мртви и повредени се очекува значително да се зголеми во следните неколку часа“, објави ОСИНТ.

 

Како што јавува ОСИНТ, „стотици, ако не и илјадници руски полицајци, војници, пожарникари и болничари сега пристигнаа во концертната сала ‘Крокус’ во главниот град Москва како одговор на првичниот терористички напад и големиот пожар што се чини дека произлезе од нападот“.

Според видео снимките објавени на социјалните мрежи, вооружени лица отвориле оган во фоајето на концертната сала и во самата сала пред концертот. Тие пукале и во луѓето кои се обидувале да ја напуштат зградата во фоајето.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

ЕУ воведува санкции за 33 лица поврзани со смртта на Навални

Следно

Комората на извршители: Попречувањето при вршење на службата на извршителот е кривично дело

Latest from Blog

Коњановски: Битола е дел од европскиот културен дијалог преку изложбата „Инспирации“

Тони Коњановски заедно со претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски присуствуваше на свеченото отворање на изложбата „Инспирации“, која преку внимателно избрани фотографии ги претставува трите европски градови носители на титулата

Ердоган: Очекуваме единството на алијансата да биде нагласено на самитот на НАТО

Тој повика на укинување на ограничувањата за трговија со оружје и воена опрема и на Анкара да ѝ биде дозволено да учествува во иницијативи за зајакнување на европската безбедност, објави Ројтерс. Анкара

Проданоски им оддаде признание на учениците за филмот „Девојките на Марко“

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, оствари средба со членовите на драмската секција „Слободно театарче“ при СОУ „Ѓорче Петров“, при што им оддаде признание за нивната посветеност и успехот со реализацијата на долгометражниот
Go toTop