КОЛЕКЦИЈАТА НА СОЛИДАРНОСТА НА МСУ СО 148 ДЕЛА ВЕЧЕРВА НА ИЗЛОЖБА ВО ПРАГА

March 21, 2024
2 mins read

Во Националната галерија во Прага вечерва ќе биде отворена изложбата „Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарност“ (No Feeling is Final. The Skopje Solidarity Collection“) со дела од колекцијата на Музејот на современа уметност (МСУ ) Скопје.  Изложбата за првпат беше отворена лани во април во престижниот простор Кунстхале Виена (кој е дел од Музеум Квартиер) еден од најголемите европски културни центри. Таму ја видоа повеќе од 75 илјади посетители. Кураторскиот колектив „What, How & for Who/WHW“ кои го креираа концептот на поставката, го сочинуваат Сабина Саболовиќ, директорка на Кунстхале Виена), Наташа Илиќ и Ивет Ќурлин.

Во изменета верзија, изложбата е проширена со дела од колекцијата на МСУ од чехословачки уметници и од Националната галерија во Прага, која му донираше на МСУ дванаесет дела од класичниот модернизам.

Плакатот за изложбата во Прага. (Фото: МСУ)

Од колекцијата на МСУ, која брои повеќе од 5.300 дела, во Виена беа изложени 94 дела и 50 дела од современи уметници, вклучени во овој проект. Истиот концепт ќе биде пренесен во чешката Национална галерија и ќе бидат додадени уште 54 дела од колекцијата на МСУ.

„Колекцијата на МСУ – Скопје е толку безвремена и актуелна, фокусирана на темата за солидарноста, за која веруваме дека треба да заживее и денес. Поставката носи нова перспектива за историјата на повоената модерна уметност и ќе бидат изложени дела од значајни западни уметници кои вообичаено не можеме да ги видиме во Чешка, како, Дејвид Хокни и Ники де Сент Фал, а во исто време публиката ќе има прилика да погледне дела од ‘незападните’ уметници како Марија Бономи и Вифредо Лам. Паралелно, изложбата е проширена и вклучува уметнички дела од чехословачки уметници, кои не беа изложени на претходната изложба во Виена“, вели кураторот Радослав Исток од Националната галерија во Прага.

Изложбата во Прага ќе трае до 29 септември. (Фото: МСУ)

Кураторките поканија 4 меѓународни современи уметници и едно уметничко дуо, кои добија задача да направат своја селекција од вредната колекција на МСУ и осмислија поставка со која воспоставија дијалог помеѓу делата на тие уметници и нивната авторска работа. Идејата беше да се види како денес уметниците ја доживуваат оваа збирка, настаната преку светската солидарност. На уметниците Брук Ендру (Мелбурн), Јане Чаловски и Христина Иваноска (Скопје), Синиша Илиќ (Белград), Иман Иса (Берлин) и Ѓулсун Карамустафа (Истанбул), за поставката во Прага се приклучуваат и уметниците Џеспер Алваер и Изабела Гросеова (Прага), кои, исто така, направија избор дела од колекцијата на МСУ и кои ќе бидат поставени во корелација со нивните авторски дела.

Од колекцијата на МСУ, за Прага отпатуваа дела од Пабло Пикасо, Дејвид Хокни, Петар Лубарда, Никола Мартиноски, Димитар Аврамовски Пандилов, Виктор Вазарели, Јаспер Џонс, Алекс Кац, Алберто Бури, Душан Перчинков, Анета Светиева, Александар Калдер, Глигор Стефанов, Пјер Алешински, Кристо и Жана-Клод, Томо Владимирски, Ото Лого, Димо Тодоровски, Владимир Величковиќ, Шила Хикс, Јон Григореску, Олга Јевриќ, Енрико Бај, Олга Печенко-Срженичка, Богоја Поповски, Мерет Опенхајм, Џетулио Алвиани, Ана-Ева Бергман, Роберто Мата, Золтан Кемени, Зао Ву Ки, Ана Ева Бергман, Ханс Хартунг, Емил Фила, Франтишек Музика, Честимир Кафка, Јиржи Штирски, Јозеф Јанкович, Јан Зрзави, Оршолија Дроздик и многу други.

„Поканети се и студенти по скулптура од Академијата за ликовни уметности во Прага, кои преку интерактивно студио ќе создадат дела, кои се испреплетуваат со историските настани на Скопје и денешните природни и воени катастрофи, кои честопати се искривуваат во медиумите“, велат од МСУ.

Изложбата во Прага ќе трае до 29 септември.

Б. НЕСТОРОСКА

ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Почина скопјанката која беше турната од трет кат на зграда во Охрид

Следно

Ашковски нема да настапи на натпреварите во Анталија

Latest from Blog

Загина македонски државјанин во сообраќајна несреќа кај српско-унгарската граница

Трагична сообраќајна несреќа се случи утринава околу 05:15 часот на автопатот кај Хоргош, во близина на границата меѓу Србија и Унгарија, каде што животот го загуби државјанин на Македонија, а друг македонски

Костадинов се јави, повторно: Не, јас не одам како кандидат, јас се повлекувам во тишина

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, преку објава на својот официјален профил на Фејсбук објави дека нема да се кандидира на претстојните локални избори, и покрај, како што вели, убедливо водство на сите

Додик формира резервен полициски состав, ЕУ и Велика Британија предупредуваат на можна ескалација

Делегацијата на Европската Унија во Босна и Херцеговина остро ги осуди плановите на властите во Република Српска (РС) за формирање резервен состав на ентитетската полиција, предупредувајќи дека таквиот потег води кон ескалација

Костадинов нема да се кандидира како независен во Струмица

Актуелниот градоначалник на Струмица, Костадинов нема да се кандидира како независен кандидат за Струмица, откако лидерот на СДСМ Венко Филипче објави дела партијата ќе застане зад Марјан Даскаловски. Костадинов пишува дека нема

Чистка во Манчестер Јунајтед, пет играчи заминуваат

Пет играчи на Манчестер Јунајтед добија информација од клубот да не доаѓаат на почетокот на подготовките во понеделник. На листата се наоѓаат: Алехандро Гарначо, Маркус Рашфорд, Антони, Џејдон Санчо и Тајрел Маласиа.
Go toTop