Протест пред Владата за подобри услови за студентите на ФИНКИ

March 21, 2024
1 min read

Студентите и раководството на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), денеска во 12 часот ќе одржи протест пред зградата на Владата.

Протестот е согласно одлука на декенатската управа, а целта, како што велат од ФИНКИ, е укажување на власта за потребата од подобрување на условите за студирање на студентите на Факултетот. Посочуваат дека вистински предизвик за управата на факултетот е да ги смести сите запишани студенти, бидејќи, како што велат, со повеќе од 5 000 студенти, ФИНКИ е најброен факултет во државата.

Најавуваат дека на протестот ќе се одржи 25-тата редовна седница на Наставно-научниот совет, каде покрај деканот и продеканите, членови на деканатската управа се и раководителите на институтите и еден член избран од Факултетското студентско собрание.

Од неформалната организација Студентска револуција соопштија дека ќе го поддржат протестот и ги повикаа на поддршка студентите, професорите, како и вработените на УКИМ.

– Ние Студентска револуција како неформална организација го поддржуваме протестот на ФСС Финки и УСС пред Влада. Воедно ја користиме оваа прилика е да ве повикаме сите студенти, професори, вработени на УКИМ заедно да излеземе и да одеме пред Влада со едно прашање: „Како преку вештачката интелегенција да дојдеме до „таа“ зграда на ФИНКИ?“, велат од организацијата.

Управата на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) на седницата одржана на 18 месецов донесе заклучоци со кои побара Владата на следната седница да донесе одлука за давање на времено или трајно користење, без надомест, на објектот кој се наоѓа на КП бр. 1856, КО Карпош, ИЛ бр. 47924, согласно барањето испратено од Факултетот до Владата на 19 мај 2023 гдоина.  Факултетот бара Владата  да го задолжи Министерството за образование и наука во рок од три месеци да обезбеди простор и да изврши релокација на Бирото за развој на образование, како орган на државна управа во состав на Министерството.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Комплетиран списокот на репрезентации кои ќе играат на младинското СП во Македонија

Следно

Денес протест пред Владата за подобри услови за студентите на ФИНКИ

Latest from Blog

Шкорпијата да направи нешто романтично за саканата личност, а Вагата да одмара навечер

ОВЕН Иако денес ќе треба да патувате или да се занимавате со нешто уникатно и невообичаено, внимавајте на вашите секојдневни обврски и активности во спротивно ќе се појават проблеми. Следете ги правилата

Петрушевски: Криминалната шема на СДС и ДУИ во ЕСМ – наместени тендери од 8 милиони евра и испрани 2 милиони

Криминалната шема на СДС и ДУИ во ЕСМ, испрала 2 милиони евра, пари на граѓаните. Во 2023 година, под раководство поставено од тогашната власт на СДС и ДУИ, во ЕСМ бил наместен

МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ЗАГИНАЛЕ НА АВТОПАТОТ БЕЛГРАД – НИШ, автомобилот имал германска регистрација

Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград-Ниш, дознава „Telegraf.rs“. Неофицијално, возачот на автомобилот „Сеат“ ја изгубил контролата врз возилото и излетал од патот. Маж

На култниот португалски клуб му се заканува целосно згаснување на крајот од годината

Фото: Боависта Х Поранешниот португалски шампион Боависта минува низ најтешките моменти во својата историја. Откако клубот беше исфрлен во аматерскиот ранг на натпреварување, сега му се заканува и целосно згаснување. Судот донесе
Go toTop