Нвидиа го претстави Блеквел Б200, најмоќниот чип на светот

March 20, 2024
1 min read

Во претставувањето на чипот, првиот човек на Нвидиа, Џенсен Хуанг, објасни дека Блеквел платформата ќе овозможи обука на ВИ модели со илјада милијарди параметри. За споредба ГПТ-3 моделот од 2020 беше обучен на 175 милијарди параметри.

Платформата воведува и шест технологии за забрзано пресметување, вклучително и втора генерација на ТЕ (Трансформер енџин), 5-та генерација на НВЛинк, РАС енџин, безбедносни ВИ капацитети и енџин за декомпресија за забрзани прашања на бази.

Веќе се очекува дека Блеквел платформата ќе биде прифатена од најголемите технолошки организации како АВС, Дел, Гугл, Мета, Микрософт, ОпенАИ, Оракл, Тесла и ИксАИ.

Нвидиа го претстави и ГБ200 кој е составен од два Б200 графички процесори и еден Грејс централен процесор. ГБ200 доаѓа како дел од НВЛ72, компјутерски систем дизајниран за дата центри конкретно наменет за обука на ВИ модели и интерфејс задачи. Еден НВЛ72 во себе има 36 ГБ200-ки (што значи 72 Б200 ГПУ и 36 Грејс ЦПУ), кои меѓу себе се поврзани со НВЛинк технологијата.

Тестовите на Нвидиа покажале дека НВЛ72 за 30 пати ги зголемува перформансите во споредба со истиот број на Х100 Тенсор ГПУ.

Освен што ќе го забрза работењето и учењето на ВИ, новата технологија ќе овозможи и создавање на покомплексни ВИ модели. Недостатокот на компјутерска моќ за сега е еден од главните фактори што го запира развојот и напредокот на вештачката интелигенција.

Х100 чипот ја направи Нвидиа компанија вредна над 2.000 милијарди долари, и стана прв производител на чипови што ја надминал оваа граница. Првите испораки на новите системи се очекуваат кон крајот на годинава.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Се продава руинираната фабрика „Купрум“ во Хром, просторот е предвиден за домување

Следно

Бах: Израел не ја прекрши Олимписката повелба и затоа може да учествува на Олимпијадата

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop