Анкета на ИПИС: Силјановска – Давкова со 10,2 отсто предност пред Пендаровски

March 20, 2024
1 min read

Гордана Силјановска-Давкова има предност од 10,2 отсто во однос на Стево Пендаровски, покажува мартовската анкета на ИПИС. Разликата во рејтингот меѓу кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата Силјановска Давкова и кандидатот на СДСМ Пендаровски се зголемила за 1,45 отсто за еден месец и од 8,75 проценти во февруари, сега изнесува 10,2 отсто, покажува анкетата спроведена од ИПИС во март на ниво на државата, објавена во синоќешната емисија Објектив на МРТ.

На прашањето „за кого ќе гласате на претстојните претседателски избори?“ 24,6 отсто од анкетираните одговориле дека ќе гласаат за професорката Гордана Силјаноска Давкова, а 14,4 проценти се изјасниле за актуелниот претседател Стево Пендаровски. По нив следат Бујар Османи со 7,0 отсто поддршка, Таравари со 5,7 проценти, Билјана Ванковска со 3,5 отсто итн.

Споредено со февруари има зголемување на потенцијалните гласачи и кај Силјановска и кај Пендаровски, но сепак растот е поголем кај кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ.

Во февруари за Силјановска се изјасниле 20,2 проценти, што значи дека за еден месец нејзината поддршка пораснала за 4,4 отсто, а Пендаровски во февруари имал 11,5 отсто поддршка, и таа во март се зголемила за 2,9 проценти.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Поповска за „Студио 10“: Неуставно е подигањето на прагот за собирање потписи за независните листи

Следно

Британска авто-индустрија е нешто посебно наивна по санкциите на Русија

Latest from Blog

Амбасадорот на ЕУ во Србија: Разочаран сум од реториката што се користи во врска со ЕУ

Амбасадорот на Европската унија во Србија, Андреас фон Бекерат, денеска изјави за годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на патот кон ЕУ дека треба да „обезбеди мапа на патот“ за тоа

Министерството за спорт ќе ја поддржи јубилејната академија на ПК „Љуботен“

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со претставниците на Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово, кој годинава одбележува импресивен јубилеј – 100 години од своето формирање. ПК „Љуботен“ претставува најстар активен
Go toTop