Хакан Фидан ќе присуствува на првиот Меѓународен самит за нуклеарна енергија во Брисел

March 20, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан на 21 март во Брисел ќе присуствува на првиот Меѓународен самит за нуклеарна енергија, велат дипломатски извори, пренесува Анадолу.

Фидан ќе ја предводи делегацијата што ќе присуствува на самитот, чиј домаќин е белгиската Влада.

Според изворите, на самитот ќе се одржат министерска седница, на која ќе учествуваат министри и други високи функционери, и четири посебни панели.

Лидерите низ светот ќе се состанат за да ја нагласат улогата на нуклеарната енергија во справувањето со глобалните предизвици како што се намалувањето на употребата на фосилни горива, подобрувањето на енергетската безбедност и стимулирањето на економскиот раст.

Закажан за 21-22 март, заеднички домаќини на самитот се Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) и Белгија, а ќе копретседаваат генералниот директор на МААЕ Рафаел Мариано Гроси и белгискиот премиер Александар де Кро.

Тоа ќе биде најзначајниот собир досега посветен исклучиво на нуклеарната енергија, тема на зголемен интерес на глобално ниво поради нејзиниот потенцијал да ја намали потрошувачката на фосилни горива и да ја задоволи растечката побарувачка за електрична енергија со ниска содржина на јаглерод.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Земјотрес утрово ја погоди Турција, се тресел југоистокот на државата

Следно

Се преврте танкер во Јапонија, пет членови на екипажот се водат за исчезнати

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската транзиција мора да значи инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна иднина

Праведната енергетска транзиција мора да значи конкретни инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна енергетска иднина, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Таа информираше дека е одржан координативен состанок со

САД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забрана

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената.
Go toTop