Уби 9 лица, а рани 14: Потврдено обвинението против монструмот Урош

March 19, 2024
1 min read

Апелацискиот суд во Белград го потврди обвинението против Урош Блажиќ, осомничен за убиство на девет лица во селата Дубона и Мало Орашје, како и против неговиот татко Радиша , по што Вишиот суд во Смедерево наскоро се очекува да го закаже почетокот на судењето, јави дописникот на МИА од Белград.

Вишиот суд во Смедерево на крајот на минатата година го потврди обвинението против Урош Блажиќ за сторени кривични дела тешко убиство, покрај кривичните дела недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материјали и неовластено користење на туѓо возило.

Истовремено е обвинет и таткото на Урош, Радиша Блажиќ, поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи, и за кривичното дело тешко дело против јавната безбедност.

Горан и Борис Гавриловиќ од Крагуевац, вујкото и братучедот на Блажиќ, се обвинети поради оправдано сомнение дека сториле кривично дело недозволено поседување оружје, бидејќи во куќата и во помошната просторија без дозвола чувале поголемо количество оружје.

Жалби против првостепениот обвинителен акт поднесоа јавниот обвинител на Вишото јавно обвинителство Смедерево и бранителот на обвинетиот Урош Блажиќ.

Да потсетиме, ноќта меѓу 4 и 5 мај минатата година Урош Блажиќ уби осум и рани 14 лица во селата Мало Орашје и Дубона, кај Младеновац. Деветтата жртва на Блажиќ им подлегна на раните по 50 дена борба за живот во болница.

Блажиќ е уапсен по целоноќна потрага, во селото Вињиште кај Крагуевац.

Ова масовно убиство се случи непосредно по првото масовно убиство на девет ученици и домарот во Основното училиште Владислав Рибникар. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Курти за РСЕ: Не прифаќаме предлози за динарот кои се спротивни на уредбата на Централната Банка

Следно

Хамас: Со нападите врз болницата Ал-Шифа, Израел се обидува да ги прикрие воените неуспеси во Газа

Latest from Blog

Неделна финансиска слика: инвеститорите во режим на претпазливост

Последната недела донесе силни осцилации на глобалните и крипто пазари, бидејќи контрадикторните пораки на Федералните резерви на САД создадоа нов бран на неизвесност. ФЕД ги намали каматните стапки за 25 базични поени

Членките на ЕУ постигнаа прелиминарен договор за климатските цели за 2040 година

Според усогласениот компромисен став, останува првичната цел предложена од Европската комисија за намалување на емисиите на стакленички гасови до 2040 година за 90 отсто во однос на нивото од 1990-та, но на

Видео-Тузла: Во пожар во Дом за пензионери во Тузла 11 загинати и 35 повредени лица

Во пожарот што синоќа зафати дел од Домот за пензионери во Тузла смртно настрадаа 11 лица, а меѓу повредените има и припадници на спасувачките екипи, посочуваат прелиминарните информации од Управата на полицијата

Божиновска за еМагазин: Скопската декларација поставува конкретни чекори кон зелена и стабилна енергетска транзиција

Во современото живеење, отпорен енергетски систем не значи само повеќе производство, туку паметна комбинација од безбедност на снабдувањето, економска достапност и еколошка одржливост. Токму оваа зелена транзиција беше во фокусот на 14.
Go toTop