Јакимовски: Ова е директно мешање во изборниот процес, ми го прават истото што му го прават на Трамп

March 18, 2024
1 min read

Стевчо Јакимовски вечерва на вонредна прес-коференција изјави дека е изненаден од потегот на одлуката на Стејт Департментот да го стави на црната листа, но тоа нема да го поколоба во изборната трка и ќе му биде уште поголем мотив.

Истакна дека одлуката на Стејт департментот е резултат на анкети, кои покажувале дека тој ќе влезе во вториот круг на претседателските избори и дека наводите за криминал во урбанизмот се неосновани, бидејжи се откажал од тие ингеренции. Јакимовски рече дека не случајно токму денеска е објавена црната листа, кога ја поднел кандидатурата во ДИК и откако ги собрал потребните потписи.

„И Америка и Свети Америка, јас работам во интерес на граѓаните на Македонија“ , порача Јакимовски.

Тој вели дека ќе поднесе кривична пријава против непознато лице, за неговото додавање на црната листа зошто тоа е директно мешање во изборниот процес. Одлуката на  Стејт департментот ја спореди со хајката што во моментов се води против поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

„Донал Трамп има 113 кривични пријави, сценариото таму од длабоката држава е или да го оневозможи да учествува на изборите, да го стават во затвор или да го убијат. Истото сценарио се случува во Унгарија против Виктор Орбан против Вучиќ и против мене. Ова е директно мешање во внатрешните односи на Македонија во извор на претседател и тврдам дека не може никој да ни каже кој ќе ни ја води Македонија“, додава Јакимовски.

Американскиот Стејт Департмент денеска ги стави на црна листа поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и градоначалникот на Општина Карпош и претседателски кандидат на претстојните избори Стевчо Јакимовски. По повод означувањето, од Стејт Департментот велат дека двајцата со нивните дејствија го поткопале владеењето на правото и довербата на јавноста во демократските институции.

Амбасадорката на САД Ангела Агелер изјави дека денешнoто означување на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и актуелниот претседателски кандидат и градоначалник Стевчо Јакимовски никого не треба да изненадуваат. Во оваа група на црната листа е ставен и поранешнуиот градоначалник на Качаник во Косово Џабир Жарку.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Борел: Израел предизвикува глад во Газа

Следно

Македонските фудбалери се собраа во Анталија за дуелите со Црна Гора и Молдавија

Latest from Blog

Фото: Најбараната манекенка има ново момче? Тој е 18 години постар од неа

Познатата манекенка од кланот Кардашијан – Џенер, атрактивната Кендал е една од омилените членови на семејството Кардашијан Џенер, веројатно поради нејзиниот пристап кон животот и работата. 30- годишната Кенедел, за разлика од

Видео: Принцезата Леонор од Шпанија го направи првиот независен воен лет

Принцезата Леонор од Шпанија го направи својот прв самостоен лет како дел од воената обука на Општата авијациска и вселенска академија (AGA) во Сан Хавиер, каде што веќе четири месеци е на теоретска и практична обука

Арсенал со минималец се врати на врвот

фото: Arsenal (X) Арсенал оствари нова победа во Премиер Лигата со 0:1 против екипата на Евертон во вечерашниот натпревар кој се одигра на „Гудисон Парк“. Со оваа победа „топџиите“ повторно го завзедоа

УХМР: Следната недела снег во Македонија

Стабилното и тивко време ќе продолжи до вторник, при што маглата ќе се задржува во котлините, проследена со зголемена облачност. Од вторник навечер се очекува промена на временските услови, со повремени локални
Go toTop