По „Маскенбал“, Лозано ја објави и новата песна „Бариера“: Спотот со сцени како од акционен филм!

March 18, 2024
1 min read

Брзи мотори, специјалци со автоматски пушки, полиграф се дел од сцените на најновиот видеоспот на музичката ѕвезда Влатко Лозаноски – Лозано за неговата најнова песна „Бариера.

Пред само еден месец откако популарниот Лозано ја објави песната „Маскенбал, вчера на социјалните мрежи ја промовираше токму „Бариера, која покрај на Јутјуб, ќе ја има и на сите останати музички платформи.

И на оваа нова песна на Лозано како автори се потпишуваат тандемот Лазар и Магдалена Цветковски, додека пак спотот е дело на момците од „Урбан Рекордс.

Покрај Лозано, во видеоспотот се појавуваат уште неколкумина статисти, а главната улога ја има преубавата Луна Декиќ Стефаноска, која одлично се снајде во приказната на овој најнов музички проект.

Инаку оваа песна на некој начин е продолжение на стилот од песната „После полноќ, која беше издадена минатата година, нумери во кој го има оној звук од добрите 80-ти години…

Она што е важно да се потенцира е дека Бариера е песна која е поделена во неколку музички форми каде се прикажани гласовните вештини на Лозано, како и уметничките способности на Лазар.

Токму Лазар, Лозано и Ена наназад низ годините, а особено сега творат и создаваат за сите конзументи и слушатели. Токму поради тоа стилот е различен во повеќето нивни песни, но звукот и печатот е претпознатлив уште на прво слушање.

Ова е втора песна на Лозано во рок од еден месец и претставува само најава за она што следува, а ќе следуваат уште многу песни, спотови, музички проекти, соработки, настапи, концерти…

Уживајте во „Бариера на Јутјуб, на сите музички платформи, и се разбира на вашите омилени радио и тв-станици…

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Враќањето на Трамп е дело на Демократите

Следно

Намирници кои ги уништуваат бубрезите

Latest from Blog

Божиновска: Поддршката од САД е значајна за реформите во енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска остварила средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во земјава, Никол Варнес. На средбата се разговарало за продлабочување на

Коњановски најавува изградба на 6 нови паркинзи во Битола

Општина Битола започнува изградба на шест нови паркинг простори за подобрување на сообраќајната инфраструктура и олеснување на паркирањето за граѓаните. Новите паркинзи ќе бидат изградени кај „Овчи Пазар“, кај „Ат пазар“, во

Проданоски најави инвестиции од 12 милиони евра за развој на Прилеп

„Општината е финансиски стабилна и со поддршка од централната власт влегуваме во нов циклус на капитални инвестиции вреден околу 12 милиони евра“, порача градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, во гостувањето во утринската
Go toTop