Кејн неизвесен за претстојните натпревари на Англија

March 18, 2024
1 min read

Фудбалерот на Баерн Минхен, Хари Кејн се повреди во финишот на саботниот натпревар со Дармштад (5:2) во 26. коло од германскиот шампионат. Англичанецот го напушти теренот во 82. минута, откако побара да биде заменет.

Баварците соопштија дека Кејн ќе оди на репрезентативниот собир на Англија, но не се знае дали ќе игра.

– Тој ќе биде прегледан во Англија. Има лекари на кои можете да им верувате. Ќе бидеме во тесна соработка по ова прашање. Хари нема да ризикува, го цитира „Билд“ спортскиот директор на Баерн, Кристоф Фројнд.

Селекцијата на Англија на 23 и 26 март ќе одигра пријателски натпревари против Бразил и Белгија.

Триесетгодишниот Кејн има постигнато 37 гола и 12 асистенции во 35 натпревари за Баерн Минхен оваа сезона.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Без струја дел од општините Центар и Ѓорче Петров

Следно

На полноќ истекува рокот за увид во Избирачкиот список

Latest from Blog

Поранешни противници бараат помош од австралиската влада поради здравјето на Имран Кан: Ќе умре во затвор

Вчера, седум поранешни австралиски капитани во крикет ја повикаа министерката за надворешни работи на земјата, Пени Вонг, да интервенира дипломатски во врска со продолжениот притвор на поранешниот пакистански премиер, изразувајќи загриженост за
Go toTop