Помина 8 Март, помина ли и борбата за родова еднаквост?

March 16, 2024
1 min read

Помина меѓународниот ден на жената – 8 Март. Разните бои на цвеќињата го разубавуваа празничниот ден на многу македонски жени. Повеќето од нив добиваа мало внимание, им се ласкаше

Но, што е со оние кои дури и тој ден беа заборавени, отфрлени, злоупотребувани, малтретирани…? Пробува навистина општеството да им помогне? Тоа е дилемата која треба да се решава секој ден, а не само на празникот функционериве да кажуваат слаткоречиви приказни.

А инаку, како е останатите денови и на многуте жени кои добиваа цвет и внимание за празникот? Ова прашање се поставува секоја година и најчесто одговорот е сличен: „има напредок, но жените се уште не се рамноправни со мажите“.

Епа што се прави за да има уште поголем напредок? само се зборува дека треба да го има?

Кој пред се треба да сработи на овој план?

Владата и Парламентот на секој празник излегуваат со силни конференции и ветувања дека родовата еднаквост е нивен приоритет. Ама, токму во овие две институции се гледа каков е соодносот на мажот и жената.

Мора да се апострофира дека и самите жени треба да се поактивни. На пример, за време на 8-март излегуваат разни партиски и невладини организации на жените и ќе „згрмат“ неколку решителни зборови дека се борат за подобри права на своите сограѓанки, ама повеќето веќе попладнето ќе застанат зад шефовите на своите партии и ќе тераат „машка политика“.

 Факт е дека за целосна родова еднаквост во Македонија треба да се менуваат работите и свеста пред се кај мажите, ама и кај жените кои се нафатиле да бидат борци за еднаков свет треба да има реална, а не декларативна заложба за тоа.

Празникот треба да е потсетник дека со еден даден цвет не се завршува работа за родовата еднаквост.

Жените се цветот на нашето општество, само треба да добијат простор за да го разубават и подобрат живеењето на сите. Затоа и сите треба да се заангажираме повеќе околу тоа, а не само на празникот „да го одредиме редот“.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Почнаа тридневните карневалски свечености во Прилеп

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Маричиќ, Османи и Груби да не ги злоупотребуваат службените возила како досега

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop