Брод со мигранти потона кај брегот на Туркије, загинаа 22 лица

March 16, 2024
1 min read

ЧАНАККАЛЕ (АА) – Вчера пронајдени се тела на 22 нерегуларни мигранти, меѓу кои и седум деца, кои загинаа при потонување на чамец на надувување крај брегот на северозападна Туркије, а операцијата за пребарување и спасување продолжува, јавува Анадолу.

Илхами Акташ, гувернер на областа Чанаккале, за Анадолу изјави дека „нема веродостојни информации за тоа колку луѓе имало во чамецот“, кој потона во близина на брегот на Еџеабат.

Тој додаде дека несреќата ја преживеале четворица мигранти.

„Се обидуваме да го одредиме бројот на жртвите од разговорите со преживеаните. Има контрадикторни информации“, рече Акташ.

Телата на жртвите се пренесени во болничка мртовечница.

Двајцата преживеани наводно успеале да стигнат до плажата Бујук Кемикли во Еџеабат и ги известиле властите за несреќата.

Во моментот повеќе од 500 луѓе се вклучени во операциите за пребарување и спасување со помош на авиони, два хеликоптери, беспилотни летала и 18 чамци на Командата на крајбрежната стража.

Туркије е главната рута за нерегуларните мигранти кои се обидуваат да преминат во Европа, особено од 2011 година, кога започна граѓанската војна во Сирија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Охајо/ торнадо однесе неколку луѓе, куќите се срамнети со земја

Следно

Нов земјотрес во Црна Гора, епицентарот во близина на границата со Босна и Херцеговина

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската транзиција мора да значи инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна иднина

Праведната енергетска транзиција мора да значи конкретни инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна енергетска иднина, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Таа информираше дека е одржан координативен состанок со

САД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забрана

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената.
Go toTop