Чадиковски: Нема компромис за одбраната на слободата на мислата и говорот!

March 15, 2024
1 min read

Претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски се обрати на Меѓународната конференција по повод 60 години Уставен суд, што се одржа во Собранието на Република Северна Македонија, во салата „Голема купола“. 

– 27ми април, 2017-та година… во оваа зграда, во друга сала, неканети гости удрија врз демократијата, а во наш контекст го оневозможија и спречија известувањето за случувањата од парламентот кои во тој момент беа од суштински интерес за јавноста. Ќе имаме ли држава, ќе не тепаат ли повторно, има ли жртви, беа често поставувани прашања на  граѓаните кои чекаа информација на тв или на порталите. Овој настан беше кулминација на еден темен период за новинарството и слободната мисла, но можеби и пресвртен момент, од кој како општество ќе извлечеме поука дека независните, објективни и професионални медиуми се основата на секоја просперитетна демократија и се самиот столб што ги поддржува вредностите на транспарентност и одговорност. Треба да се знае дека со нападот врз слободата на изразувањето како основно човеково право предвидено во Уставот, ние не можеме да продолжиме да го чуваме интегритетот на секој поединец, не можеме да им служиме на јавноста и граѓаните, за што сме се обврзале кога сме влегле во оваа наша новинарска професија. Но од тој 27 април, новинарите кои професионално беа присутни во овој собранискиот дом започнаа битка без извесен крај. Како да ја добијат правдата, правда во име на граѓаните!!! – рече Чадиковски.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

САД: Ако Иран испрати проектили во Русија, Г7 би можел да ги забрани летовите на „Иран Ер“ во Европа

Следно

Чак Норис (84): Се чувствувам како да имам 48 години

Latest from Blog

Преговарачката рамка нуди предвидливост, вели францускиот амбасадор Ле Риголер

Актуелниот геополитички момент е исклучително поволен за проширување на Европската Унија, но оваа историска можност мора да се искористи веднаш бидејќи светот брзо се менува, вели францускиот амбасадор во земјава Кристоф Ле

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната
Go toTop