Даден е рок за екстрадиција на Љупчо Палевски Палчо од Турција

March 15, 2024
1 min read

Даден е рок за екстрадиција на Љупчо Палевски Палчо од Турција, кој е осомничен за грабнувањето и двојното убиство на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски. Палевски по распишаната меѓународна потерница беше фатен во турскиот град Беликесир, каде од декември е во екстрадициски притвор. Но, конкретен датум до кога тој би бил испорачан во земјава, министерот за правда Кренар Лога не соопшти.

– Ни дадоа некој рок. Како и да е јас не сакам да кажувам такви детали, бидејќи таа работа зависи од нив и не од нас, рече Лога.

Лога уште еднаш повтори дека при неговата неодамнешна посета во Турција бил информиран дека процедурата во судовите е завршена, по што потпис треба најпрвин да стави министерот за надворешни работи, па потоа и министерот за правда. Очекува екстрадицијата да биде брзо спроведена.

-Значи нема друга комуникација официјална, освен тоа што веќе сите работи се затворени и сите постапки се на време. Неофицијално сме комуницирале и денеска значи од тука баравме информација дополнителна кога би била испораката на Палевски, додаде Лога.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Министерот Османи ги прими копиите од акредитивните писма на новиот турски амбасадор, Фатих Улусој

Следно

Руските пари ќе донесат 20 милијарди евра само од камати од ЕУ

Latest from Blog

Николоски: Почна историска надградба на аеродромот во Охрид

Денес започна сериозна реконструкција, надградба и проширување на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, што е прво вакво големо интервенцирање од неговата изградба. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека со

Клучното пристаниште на Путин гори (ВИДЕО)

Украинскиот напад повторно предизвика пожар во руското пристаниште Уст Луга на Балтичкото Море, објави регионалниот гувернер на Ленинградската област, Александар Дрозденко, во неделата на Телеграм. Руските сили соборија 36 дронови во регионот,

ЈО: Промена на јавен обвинител не ги одолговлекува постапките, внимателно и одговорно да се известува и коментира, особено за кочанската трагедија

По последните одлуки на Советот на јавни обвинители за избор на обвинители во ОЈОГОКК, Јавното обвинителство веќе ги презеде сите потребни чекори за да овозможи ефикасност и непречено водење на сите тековни

Преговарачката рамка нуди предвидливост, вели францускиот амбасадор Ле Риголер

Актуелниот геополитички момент е исклучително поволен за проширување на Европската Унија, но оваа историска можност мора да се искористи веднаш бидејќи светот брзо се менува, вели францускиот амбасадор во земјава Кристоф Ле
Go toTop