Руските пари ќе донесат 20 милијарди евра само од камати од ЕУ

March 15, 2024
1 min read

Очекувањето е дека дел од профитот, како и цел данок што ќе се плати на заработувачката, ќе бидат префрлени од ЕУ во Киев, а дел ќе се задржи на Западот како заштита од очекуваниот руски контраудар на која било европска мерка што ќе задира во замрзнатите средства или каматите од истите.

Околу 70% од сите замрзнати руски средства, или некои си 190 милијарди евра во хартии од вредност и кеш, се заглавени во белгискиот депозитар Еуроклиар.

„Во моментот кога војната ќе заврши и сите спогодби ќе бидат направени, сите пари кои беа привремено задржани исто така ќе бидат префрлени во Украина. Меѓутоа ни треба значителна сума да остане и во Еуроклиар… бидејќи Еуроклиар ќе се соочи со многу побарувања,“ изјавува неименуван функционер за Ројтерс.

Се очекува дека побарувањата ќе дојдат од руската Централна банка, преку руските судови кои не ги признаваат западните санкции, и која најверојатно ќе ги присвои 33 милијарди евра што Еуроклиар ги чува во депозитарот во Москва.

Русија би можела да потегне правна постапка за запленување на парите што Еуроклиар ги чува во депозитари во Хонгконг и Дубаи. Еуроклиар треба да се брани и од побарувањата на Западни банки кои ги изгубија своите пари инвестирани во Русија.

Ако на Еуроклиар му снема капитал тогаш белгиската централна банка ќе треба да ја повлече неговата лиценца што ќе предизвика глобална финансиска криза бидејќи Еуроклиар е одговорен за средства во вредност од 37 илјади милијарди евра.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Даден е рок за екстрадиција на Љупчо Палевски Палчо од Турција

Следно

НАГРАДАТА РОМАН НА ГОДИНАТА ЗА „ЕДИНСТВЕН МАТИЧЕН БРОЈ“ НА ЛИДИЈА ДИМКОВСКА

Latest from Blog

Поранешни противници бараат помош од австралиската влада поради здравјето на Имран Кан: Ќе умре во затвор

Вчера, седум поранешни австралиски капитани во крикет ја повикаа министерката за надворешни работи на земјата, Пени Вонг, да интервенира дипломатски во врска со продолжениот притвор на поранешниот пакистански премиер, изразувајќи загриженост за
Go toTop