Министерот Османи ги прими копиите од акредитивните писма на новиот турски амбасадор, Фатих Улусој

March 15, 2024
1 min read

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи денеска ги примил копиите на акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Турција во Република Северна Македонија, Фатих Улусој, соопштија од МНР.

Во таа пригода, министерот Османи изразил задоволство од одличните билатерални односи и плодната соработка кои се во духот на традиционално пријателство и партнерство меѓу двете земји.

– Двајцата соговорници оценија дека меѓусебната соработка во континуитет се продлабочува и зајакнува во повеќе различни области од заеднички интерес, при што посебни резултати се остваруваат во економската и трговска размена, туризмот, образованието, културата и одбраната, се наведува во соопштението од МНР.

Посакувајќи му успешна дипломатска мисија на амбасадорот Улусој во Република Северна Македонија, министерот Османи изразил подготвеност за активна и отворена соработка во насока на реализација на заедничките цели од Стратегијата за зајакнување на билатералните односи, потпишана во 2008 година, меѓу двете земји.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Средба на Шолц, Туск и Макрон во Берлин за поддршка на Украина

Следно

Даден е рок за екстрадиција на Љупчо Палевски Палчо од Турција

Latest from Blog

Ердоган: Очекуваме единството на алијансата да биде нагласено на самитот на НАТО

Тој повика на укинување на ограничувањата за трговија со оружје и воена опрема и на Анкара да ѝ биде дозволено да учествува во иницијативи за зајакнување на европската безбедност, објави Ројтерс. Анкара

Проданоски им оддаде признание на учениците за филмот „Девојките на Марко“

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, оствари средба со членовите на драмската секција „Слободно театарче“ при СОУ „Ѓорче Петров“, при што им оддаде признание за нивната посветеност и успехот со реализацијата на долгометражниот

Проданоски: Прилеп е целосно подготвен за превенција и брза реакција при пожари на отворено

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, соопшти дека Општината е целосно подготвена за превенција и справување со пожари на отворено во пресрет на летната сезона, по денешниот координативен состанок на Општинскиот штаб за
Go toTop