Мира Симоновски на 74 години се искачи на Килиманџаро, тоа досега им успеало само на уште двајца луѓе во светот

March 13, 2024
1 min read

Прием во општина Делчево денеска беше организиран во чест на 74-годишна планинарка Мира Симоновски која на возраст од 74 години се искачи на врвот Ухуру висок 5.895 метри, кој се наоѓа на планинскиот масив Килиманџаро во Африка. Симоновски беше дел од експедицијата на Клубот за планински спортови АЗОТ.

Градоначалникот на Делчево Горан Трајковски денеска организираше прием за планинарката Симоновски и најави дека за овој голем подвиг ќе ѝ биде доделена плакета на Денот на ослободувањето на Делчево. Во објавата на својот профил на Фејсбук тој рече дека ваков потфат е реткост и во светски прилики.

– Има само уште двајца луѓе во светот кои на нејзина возраст се искачиле на врвот Ухуру на Килиманџаро. Годишно околу 15.000 луѓе се обидуваат да го искачат тој врв, но успеваат само 40 отсто од нив. Честитки, Мира Симоновски, вие сте гордост за Делчево, рече Трајковски.

На приемот присуствуваа и директорите на општинските училиштата кои имаа можност да слушнат за огромното искуство на делчевскиот планинар, со цел да го пренесат нејзиното искуство на учениците.

– Се надевам дека ова ќе биде потстрек за многу наши ученици да се вклучат во планинарските здруженија и да продолжат по патот на нашата сограѓанка Мира Симоновски и во иднина да ги освојуваат светските планински врвови, додаде Трајковски во објавата на Фејсбук.

Во 2020 година планинарката Симоновска, тогаш на 70-годишна возраст, се искачи на врвот Арарат на 5.137 метри надморска висина.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Малчевски за „Студио 10“: Потребен ни е претседател кој ќе ги подобри позициите дома и надвор

Следно

Стварно ќе немат љуѓе

Latest from Blog

Трамп го повика Путин на Флорида

Рубио ги даде овие забелешки по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк. „За да се решат проблемите, мора да се

Арсенал тргнува по германски репрезентативец од Премиер лигата

Арсенал сериозно го разгледува Кевин Шаде како потенцијално засилување, а Топчиите би можеле да направат конкретен чекор за германскиот репрезентативец уште во јануарскиот преоден рок. Според информациите, крилниот напаѓач на Брентфорд е

Руски воен хеликоптер навлезе во полскиот воздушен простор, подигнати се борбени авиони

Полска подигна борбени авиони како одговор на инцидентот, додека копнените сили и системите за противвоздушна одбрана останаа во состојба на готовност. Нарушувањето на воздушниот простор се случи во 11:08 часот северно од
Go toTop