Стварно ќе немат љуѓе

March 13, 2024
2 mins read

Процените на УНДП се дека до 2080 глобалната популација ќе брои од 10,4 до 12 милијарди луѓе. Наспроти нив е Центарот за експертиза за популација и миграција на ЕУ, кој проценува дека човековата популација ќе го достигне својот пик во 2070-те на 9,8 милијарди луѓе, и Институтот за здравствени метрики и евалуација, кој пикот го става на 9,7 милијарди, кои би се достигнале во 2064.

Сега речиси сите демографи сметаат дека човештвото својот пик, во бројки, ќе го достигне до крајот на овој век, и не заради некој пострашен иден ковид-19 или нуклеарна војна.

„Тоа е едноставно затоа што низ целиот свет, вкупната стапка на плодност (ТФР) – бројот на живи деца кои просечна жена ќе ги роди во својот живот – е во константен пад од 1970-те. Во држава по држава тоа паѓа под границата од 2,1 под која популацијата неизбежно се намалува,“ пишува Ниал Фергусон во текстот за Блумберг, кој повторува дека моментално половина од човештвото живее во држави со помалку од 2,1 породување по жена.

Процените на УНДП се дека во периодот додеа уште ќе имаме раст на популацијата, од 2022 до 2050, половина од растот ќе отпадне на само осум држави: Конго, Египет, Етиопија, Индија, Нигерија, Пакистан, Филипини и Танзанија. Не, ја нема Кина.

Процените на УНДП се дека од 2,3 ТФР во 2021, до 2100 ТФР ќе падне на 1,8.

Како едно објаснување за глобалниот пад на популацијата Фергусон наведува документ од 2006 изработен од Волган Лутз, Вегард Скирберк и Мариа Рите Теста, според кои:

„Општествата напредуваат на хиерархијата на потреби и физичко преживување на емотивна себе-исполнетост, и правејќи го тоа, одгледувањето деца добива помало значење бидејќи луѓето бркаат други, поиндивидуалистички цели… луѓето наоѓаат други начини за да најдат значење во животот.“

Друго објаснување е дека падот се должи на напредокот во еманципацијата на жените и дека плодноста константно паѓа како што растат образованието и вработувањето.

Кон сето ова треба да се додаде и укинувањето и забраната на детска работна сила, која претходно е важен дел од приходите на секое семејство. Сега не само што не заработуваат, туку и секое дете добива повеќе внимание и подобро образование, што го зголемува трошокот за негово одгледување.

Останати фактори кои придонесуваат кон падот на човечката популација е намалената сексуална активност меѓу новите генерации, јасната поврзаност меѓу секуларизацијата и се помалите семејства, економските потешкотии што се поврзуваат со имање големо семејство и падот на плодноста на спермата кај мажите за 50% во последните 50 години.

Фергусон пренесувајќи текст од Њујорк тајмс објаснува дека кога ќе се достигне пикот и популацијата ќе почне да се намалува, тоа ќе се случи нагло исто како што порасна.

„Човештвото нема да достигне плато, а потоа да се стабилизира. Тоа ќе започне пад без преседан… ако светската стапка на плодност по 2100 е иста како онаа на САД денес, тогаш глобалната популација ќе падне од пикот од 10 милијарди на помалку од 2 милијарди за само 300 години, за можеби 10 генерации. А ако големината на семејствата остане мала, тогаш популацијата ќе продолжи да опаѓа,“ пишува Дин Спиарс во текстот за Њујорк тајмс.             

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мира Симоновски на 74 години се искачи на Килиманџаро, тоа досега им успеало само на уште двајца луѓе во светот

Следно

ПОЧИНА АКАДЕМИК ЈОРДАН ПОП-ЈОРДАНОВ

Latest from Blog

КОШУТИЌ: Институциите да утврдат дали има одговорност за наодите од ревизијата

Генералниот директор на ЖРСМ Транспорт, Дејан Кошутиќ, очекува надлежните институции, меѓу кои и Јавното обвинителство, да ги разгледаат наодите од конечниот извештај на Државниот завод за ревизија и да преземат мерки во

Нови перспективи за новото лидерство: заврши 17. Школа за млади лидери на претседателот Иванов

Со завршна свеченост во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид, на 6 ноември заврши седумнаесеттата Школа за млади лидери на претседателот Иванов, посветена на темата „Нов свет. Ново лидерство. Нов прагматизам“. Годинашното издание

„И Здравје и Работа“: Македонија треба да ги следи европските политики за критични суровини и да создаде услови за одговорно рударство

Европскиот извештај е поттик за усогласување на законодавството, развој на рударството и искористување на потенцијалот на домашните минерални ресурси Европската Унија јасно укажува дека критичните минерални суровини имаат стратешко значење за европската

„Паркинзи Битола“: Приходот од 2.747 СМС-пораки за роденденот на градот ќе оди за хуманитарни цели

И покрај тоа што паркирањето во Битола било бесплатно по повод „Роденденска Битола“, 1.363 корисници испратиле вкупно 2.747 СМС-пораки за регулирање на паркинг-сесиите, соопштија од „Паркинзи Битола“. Од јавното претпријатие најавија дека

Ангел Анѓушев: Добрата цена сама по себе не е доволна за успех на странските пазари

Квалитетот на производите и доследното почитување на меѓународните стандарди се предуслов за компаниите да бидат конкурентни на странските пазари, порача Ангел Анѓушев, оперативен директор на „Грин машинс“ и член на Управниот одбор
Go toTop