Уште 78 Палестинци загинаа во Газа, вкупно 30.878 загинати од 7 октомври

March 8, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Најмалку 78 Палестинци загинаа, а 104 лица се повредени во последните 24 часа додека Израел продолжува со нападот врз опколениот Појас Газа, соопшти Министерството за здравство во енклавата, пренесува Анадолу.

Во соопштението на Министерството се наведува дека израелските сили извршиле осум масакри врз семејства во Појасот Газа во изминатите 24 часа.

„Многу луѓе сѐ уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив. Од жртвите на израелската агресија врз Газа 72 отсто се деца и жени“, се вели во соопштението.

Непочитувајќи ја привремената пресуда на Меѓународниот суд на правдата, Израел го продолжува нападот врз Појасот Газа, каде што се убиени најмалку 30.878 Палестинци, главно жени и деца, а 72.402 се повредени од 7 октомври, според палестинските здравствени власти.

Израел го напаѓа Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас.

Според Обединетите нации, израелската војна против Газа принуди 85 отсто од населението на територијата на внатрешно раселување поради акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните дејства и да преземе мерки за да гарантира дека ќе се обезбеди хуманитарна помош за цивилите во Газа.

Меѓутоа, непријателствата продолжија со ненамалено темпо, а испораките на помош, за жал, не се недоволни за да се реши хуманитарната катастрофа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коста сака да му подари цвеќе на едно девојче за 8-ми март: Момчето кое изврши масакр во Србија кажа кој му недостига најмногу

Следно

Макрон: Може да испратиме војници во Украина ако фронтот се придвижи кон Одеса или Киев

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската транзиција мора да значи инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна иднина

Праведната енергетска транзиција мора да значи конкретни инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна енергетска иднина, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Таа информираше дека е одржан координативен состанок со

САД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забрана

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената.
Go toTop