Аудито на Рамиз Мерко „ќе патува“ во судот во Струга

March 6, 2024
1 min read

Поднесениот обвинителен предлог за злоупотреба на службената положба против струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко, од невладиниот сектор го сметаат како обид на институциите пред изборите да покажат дека нешто работат. Имено, Основното јавно обвинителство за гонење на оранизиран криминал и корупција реагираше дури девет месеци откако Мерко беше ставен на американската црна листа, односно цели 6 години откако беше купено скапото ауди од 114.000 евра кое е сега предмет на правен процес. Димитар Николовски од Центарот за европски стратегии ваквиот чекор го оценува како обид да се намали незадоволството од слабата борба против високата корупција изминативе години.

„…И во овој пример со Мерко, мислам дека се обидува пред изборите да се намали, да се амортизира тоа незадоволство и да се каже еве се постапува и по овие предмети, иако гледаме дека по многу други предмети не било постапувано…“, рече Димитар Николовски, Центар за европски стратегии Евротинк.

Но, ниту овој обид за владеење на правото не оди мазно. Имено, Основниот кривичен суд Скопје денеска се прогласи за ненадлежен да постапува по него. Предметот ќе се префрли во Судот во Струга затоа што на тоа подрачје било извршено наводното кривично дело. Против Мерко во Основното јавно обвинителство Струга во моментов се активни десетина други постапки. Николовски вели дека судбината на овие постапки ќе зависи од нешто друго:

„Не очекувам дека обвинителството и судството ќе станат независни од политички притисоци и после изборите. Така што судбината на Мерко во голема мера зависи од политичките прилики после изборите“, додава Николовски.

Американскиот Стејт департмент лани летото го стави Мерко на Црната листа и го означи за персона нон-грата за влез во државата поради сомневања за корупција и мешање во судството.

Мики Трајковски

Извор: alsat.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Белингам добро помина: Ќе паузира само 2 натпревара

Следно

Шведска во понеделник официјално ќе стане 32. членка на НАТО

Latest from Blog

СЕ ТРЕСЕШЕ ТЛОТО ВО ЗАПАДНИОТ ДЕЛ ОД ЗЕМЈАВА, еве каде е епицентарот

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 00 часот и 06 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, со Рихтерова локална магнитуда,

ВЛЕН: 24 месеци отчетност, реформи и конкретни резултати

ВЛЕН одбележа 24 месеци учество во Владата под мотото „Транспарентност и отчетност“, истакнувајќи дека изминатите две години се обележани со конкретни реформи, реализирани проекти и политики насочени кон подобрување на животот на

Израел: Убивме неколку вооружени терористи во Сирија

„Вчера, воените сили елиминираа неколку вооружени терористи во безбедносната зона на југот на Сирија“, се вели во соопштението на армијата, додавајќи дека тие ќе „продолжат“ да дејствуваат таму „и да елиминираат каква
Go toTop