Најстудено во Лазарополе, најтопло во Дојран

March 4, 2024
1 min read

Најстудено изутрина е во Лазарополе, каде во 7:30 часот се измерени -2  степени Целзиусови, а најтопло во Дојран со 10 степени. 

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), на Попова Шапка и Маврови Анови се измерени – 1, во Берово, Крива Паланка, Битола и Претор 1 степен, во Тетово, Крушево, Прилеп, Охрид и Дебар два, Куманово и Велес три, Скопје-Петровец и Кавадарци – четири, Скопје-Зајчев Рид, Струмица и Штип – пет, Виница и Демир Капија – шест, а во Гевгелија 9 степени.

Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Гевгелија, два литри на на метар квадратен.

Во текот на ноќта времето беше ведро со мала до умерена локална облачност и слаб локален дожд во југоисточните делови. Дуваше слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец кој во Штип достигнуваше брзина до 50 километри на час. Изутринава е променливо облачно, наместа дува слаб ветер од јужен правец.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд, наместа обилни (од 20 до 40  литри на на метар квадратен) воден талог со пороен карактер и појава на ретки грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме проследени со силен ветер од јужен правец (над 70 километри на час). Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 17 степени.

Во Скопје променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, попладне во делови од котлината повремено засилен ветер југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне 16 степени.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ферстапен ќе си замине ако Хорнер остане тим-менаџер?

Следно

Силјановска-Давкова: Народот легитимира, народот и делегитимира, бескрајно благодарам за легитимацијата

Latest from Blog

Трамп и Си разговарале за ситуацијата на Блискиот Исток и Украина

 Државната новинска агенција Синхуа објави дека лидерите „размениле мислења за важни меѓународни и регионални прашања“, а војната во Украина исто така била на дневен ред.  Во текот на разговорите Кина одлучила да

Жртва на Епштајн: Еден ден, масерката ме покани во неговата соба

Жената, идентификувана само како Роза, сведочеше заедно со неколку други жртви на Епштајн на сослушување организирано од демократски конгресмени. Роза рече дека била регрутирана како тинејџерка од Узбекистан од страна на соработникот

ЈКП “Комуналец“ – Прилеп продолжува со уредување на зеленилото во градот

ЈКП Комуналец – Прилеп продолжува со реализација на Оперативниот план за ново засадување и обновување на дрвја, зимзелени и грмушкасти растенија низ градот. Во рамки на активностите во населбата „Димо Наредникот“, на

Комуналец – Прилеп: Продолжува обновата на зелените површини

ЈКП Комуналец – Прилеп продолжува со реализација на Оперативниот план за ново засадување и обновување на дрвја, зимзелени и грмушкасти растенија низ градот. Во рамки на активностите во населбата „Димо Наредникот“, на
Go toTop