Ова беше трет обид да се формира Собрание и да се потврди пратеничкиот мандат, пренесува Телеграф..

Првиот обид беше на 19 февруари, но тогаш немаше кворум. Истото сценарио се повтори и пред два дена. Фила со денешната седница претседаваше како најстар пратеник.

Повторно најави дека нема кворум и дека не се исполнети условите за формирање на Собранието. „Нема кворум. По изборите не се исполнети условите пропишани со Законот за локална самоуправа за формирање на градското собрание на Белград“, рече тој. Така седницата заврши.

Во Собранието денеска пристигнаа претставници на групата „Србија против насилството“, предводена од носителите на листите Добриќ Веселиновиќ и Владимир Обрадовиќ. Тие влегоа во фоајето и истакнаа транспаренти на кои пишуваше „Кражбата нема да помине“, „Белград нема да ве прифати“ и „Сите сте фантоми“.

Српската влада сега ќе назначи привремено тело кое ќе се грижи за градот. Претседателот на Националното собрание мора да распише нови избори во текот на следниот месец. Новите избори мора да се одржат во рок од 45 до 60 дена од денот на објавувањето.