САД и Франција: Реториката на Путин е неодговорна

March 1, 2024
1 min read

Вашингтон и Париз синоќа ги нарекоа „неодговорни“ зборовите на рускиот претседател Владимир Путин, кој го предупреди Западот на реалниот ризик од нуклеарна војна доколку испрати свои војници да се борат во Украина.

„Ова не е првпат да ја видиме неодговорната реторика на Владимир Путин. Вака не треба да зборува лидерот на земја со нуклеарно оружје“, изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.

Американскиот функционер потсети дека Вашингтон претходно комуницирал со Русија „за последиците од употребата на нуклеарно оружје“.

„Но, немаме знаци дека Русија се подготвува да употреби нуклеарно оружје“, рече тој.

Францускиот министер за вооружени сили Себастијан Лекорну, вчера го повика Путин „да не биде неодговорен“.

„Внимателно слушав што кажа претседателот на Руската Федерација утринава. Кога претставувате нуклеарна сила, немате право да бидете неодговорни и да предизвикувате ескалација. Рускиот претседател зборуваше и за заканите кои доаѓаат од запад. Нема закани за Руската Федерација. Тоа е говор кој се состои од глумење жртва и напад, а сите добро знаат дека Русија е агресор во Украина“, им рече Лекорну на новинарите.

Извор: alsat.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Од денес забранет извозот на бензин од Русија во следните шест месеци

Следно

Германската влада ја зголемува хуманитарната помош за Газа за 20 милиони евра

Latest from Blog

Проданоски: Институциите во Прилеп се целосно подготвени за справување со пожари

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, соопшти дека Општината е целосно подготвена за превенција и справување со пожари на отворено во пресрет на летната сезона, по денешниот координативен состанок на Општинскиот штаб за

Над 38,8 милиони денари промет на Македонската берза, индексот МБИ10 во пад

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 29.06.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.535,52 поени. Во однос

Денеска на Мундијалот: Со самба против “Самураите“, Германија треба и мора, дербито е Холандија – Мароко

ФОТО:facebook.com/Brasilnationalfootballteamforever/ Во текот на денешниот ден на програмата се три супер интересни мечеви од 1/16 финалето на Мундијалот. Бразил – Јапонија, Германија – Парагвај и Холандија – Мароко. Бразил, предводен од Карло

Татко и син спасени во Венецуела четири дена по земјотресот

Тие беа изнесени на импровизирани носилки, видливо исцрпени и носејќи заштитни маски, објави Ројтерс. Ла Гваира е најтешко погодената област по земјотресите во средата, во кои загинаа најмалку 1.450 луѓе, а илјадници

Николоски: Следува најголемата реформа во Железницата, потпишан грант со Светска банка

Имаме јасна визија за комплетна промена на железничкиот сообраќај. Ако наследивме претпријатија на раб на пропаст и пред банкрот, сега имаме карго сообраќај кој бележи сериозен раст, имаме раст на број на
Go toTop