НАТО алијанса за хумор и сатира

February 29, 2024
2 mins read

Во ноември 2023 година, Центарот за спротивставување на хибридни закани на НАТО објави вознемирувачки „работен документ“: „Хуморот во онлајн информациската војна: Студија на случај за војната на Русија против Украина“.

Тој не доби мејнстрим внимание, но содржината нуди невиден увид во итроштините на Алијансата да манипулира на социјалните медиуми за да се нарушат перцепциите на јавноста и да се добие согласност за војна.

Истовремено, сериозно се разгледува прашањето за онлајн „тролање“ на дисидентските гласови.

Работниот документ навидум само „разгледува примери на хумор што се користат ефективно за да се спротивстават на дезинформациите и пропагандата во онлајн просторите“ и се заклучува дека „одговорите засновани на хумор…во информативниот простор и во физичкиот свет даваат повеќекратни придобивки“ за Украина и НАТО.

Се препорачува западните држави, војската и безбедносните и разузнавачките служби да ја совладаат уметноста на онлајн потсмев под покровителство на „контра- дезинформации“. Се тврди дека „хуморот… досегнува до делови што другите контрамерки – како што е проверката на фактите или едукацијата на медиумските консументи – не можат“. Се вели дека масовното распоредување на мимови/мемиња „ја има предноста да ги искористи алгоритмите на платформите и да стигне до „публиката која не е склона да консумира „досадни“ производи“.

Во меѓувреме, секој корисник на социјалните мрежи што отстапува од наративите одобрени од НАТО може да биде подложен на интензивно онлајн вознемирување и дискредитирање „меѓу широкиот сектор на интернет публиката“, ако не и целосно да биде застрашен од дигиталните информативни простори. Работниот документ се залага за создавање армија на „приватни граѓани“ за таа цел.

Се цитира и технолошкиот гуру Џеф Гизеа:

„Тролањето е еквивалент на герилска војна на социјалните мрежи а мимовите се валута на пропагандата“.

Во првите 18 месеци од прокси-конфликтот, „руските неуспеси“ и „украинската решителност“ апсолутно доминираа во покривањето на војната во западните медиуми. Наративот беше дека инвазијата е катастрофа и огромен срам за Москва иако Украина за само неколку недели беше економски и воено осакатена. „Специјалната воена операција“ не се занимаваше со освојување на секоја педа од земјата, туку со принудување на владата на Зеленски да ги спроведе Минските договори и да прогласи неутралност. Ова беше речиси постигнато во април 2022 година преку мировните преговори со посредство на Турција. Но, тогашниот британски премиер Борис Џонсон се нацрта во Киев и им кажа дека нема преговори и да продолжат да се борат.

Долгоочекуваната украинска контра-офанзива која започна во јуни 2023 беше повод и за меме-офанзива, па интернетот беше преплавен со мимови: украински дечки уживаат на плажа на Крим, „орки“ бегаат од „леопардите“….

Во рок од само еден месец, Украина загуби 20% од возилата и оклопите што ги испорача Западот, без ништо да се каже за тоа. Контраофанзивата заврши на крајот на 2023 година, со вратена само 0,25% од територијата.

Во декември таа година „Вашингтон пост“ објави опсежна посмртница за контраофанзивата. Меѓу другите неуспеси, фатална грешка во планирањето надгледувани од Пентагон беше претпоставката дека Русите ќе се разбегаат, што не се случи, потсетува Кит Кларенберг:

„Се чини дека Украинците беа испратени во самоубиствена мисија затоа што западните воени апаратчици поверуваа во симплистичкиот и погрешен пропаганден наратив за „рускиот крах“ наспроти „украинската решителност“. Храброста и снаодливоста не се доволни за справување со нагазни мини, тенкови, борбени авиони, артилериски гранати и друго воено оружје“.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Собравме 80.000 евра за Лео, парите ги предадовме на тетка му, соопштија од ДНК

Следно

МАРТИНКА е симбол на месец март: Ова е обичајот за нив, а еве што вели црквата за тоа

Latest from Blog

Бикот за биде смирен, а Шкорпијата да избегне тензии

ОВЕН Денеска вашите лични односи можат да бидат напнати доколку сакате целосно да ја контролирате ситуацијата. Бидете внимателни и избегнувајте непотребни расправии што можат да ве исцрпат. Денот е погоден за препуштање

Јанкуловски: Трезорот функционира редовно, исплатите се во тек и до крајот на годината ќе се исплатат обврските

Трезорот во состав на Министерството за финансии функционира редовно и врши исплати и ќе продолжи до 31 декември 2025 како и останатите институции. Ќе се реализираат сите преземени обврски од страна на

Фергусон: Јунајтед нема да ја освои шампионската титула во следната деценија

Сер Алекс Фергусон, човек чие име сè уште има големо значење во фудбалскиот свет, повторно ја разбранува јавноста со зборови што воопшто нема да им се допаднат на навивачите на Манчестер Јунајтед.

Намалена видливост поради магла кај Ресен и Удово

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради магла до 50 метри има кај Ресен и Удово, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор

Љубовницата од концертот на Колдплеј ѝ се нафрли на Гвинет Палтроу (ВИДЕО)

Кабот, чиј приватен и деловен живот е нарушен по виралниот инцидент со таканаречената „камера за бакнување“ на концертот на „Колдплеј“, ја нарече актерката лицемерка. „Како се осмелува?“ Во серија нови интервјуа, Кабот
Go toTop